Кафе муабет
ДОЈДЕ И ТОЈ ДЕН: Најпопуларниот турски пар сподели убави вести- Факрие е најсреќната жена на светот!
Пресреќната и горда Фахрие на целиот свет му покажа дел од атмосферата од прославата на вториот роденден на нејзиниот син Каран.
Најубавиот пар во Турција, Фахрие Евџен и Бурак Озџивит, пред само неколку дена објавија најнови фотографии од нивниот син Каран, кој е вистинска копија на неговиот татко.
И додека нивните фанови со воодушевување се уште коментираат и ја лајкнуваат оваа објава, тричленото семејство реши да објави поубава вест и со тоа уште еднаш да го сврти вниманието на сите медиуми кон себе.
Пресреќната и горда Фахрие на целиот свет му покажа дел од атмосферата од прославата на вториот роденден на нејзиниот син Каран.
Иако само во кругот на семејството, турскиот актерски пар не сакаше да помине најважниот ден од годината на нивниот син без убава декорација, вкусна торта и бројни подароци.
Со ова, тие официјално ги демантираа бројните гласини деканивниот брак се распаѓа и дека наводно Буран повеќе не можел да ја трпи сопругата, па планира развод.
Се чини дека и турските таблоиди не биле во право кога станува збор за наводната бременост на популарната актерка, за која пишуваа во октомври минатата година, бидејќи, како што можете да видите на фотографиите, нема ни трага ни глас од труднички стомак.
За потсетување, турскиот актер со нетрпение чекаше да стане татко. Тој толку беше среќен што веднаш откако ги дозна среќните вести му отвори профил на социјалните мрежи на својот нероден син уште пред да се роди, и тој сега има околу 130.000 фанови.