Новости
Конечно убави вести за македонците кои живеат во Германија- но не за сите!
Германија ќе ги олабави мерките за вакцинираните...
Откако германскиот епидемиолошки институт Роберт Кох објави дека вакцинираните против коронавирус немаат ризик од пренесување на инфекцијата, германскиот министер за здравство истакна дека мерките за вакцинираните ќе бидат олабавени.
„Кој е вакциниран во иднина, мора да се третира како и оние со негативен тест за коронавирус“, рече министерот за здравство Јенс Спан во интервју за неделното издание на весникот „Билд“. Спан се повикува на извештај на државниот епидемиолошки институт Роберт Кох, кој покажува дека луѓето кои се целосно вакцинирани имаат помали шанси да пренесат коронавирус отколку луѓето кои имаат негативен ковид тест.
„Според најновите откритија, ризикот од пренесување на коронавирус кај лица кои биле вакцинирани, најдоцна до 15-тиот ден по приемот на втората доза на вакцината, е помал отколку кај луѓето со негативен тест за коронавирус“, се вели во извештајот институтот Роберт Кох.
Според истиот институт, лицата кои примиле втора доза на вакцина треба да бидат изземени од задолжителни тестови и карантин.
Министерот за здравство рече дека извештајот на Институтот Роберт Кох бил испратен во федералните држави во саботата и дека вакцинираните треба да бидат ослободени од тестирање и самоизолација што е можно поскоро.
Вакцинираните може да имаат пристап до услуги како што се одење на фризер или влегување во продавници или музеи каде што е потребен тековен негативен тест.
„Ние треба да ги спроведеме новите мерки во акција- рече Спан.
Според извештајот на институтот Роберт Кох, седумдневната инциденца на ниво на земја се намалува малку, но сепак се уште е за 127 над границата под 100, како што се согласија сојузните и покраинските власти, можни се отстапки за мерки за целосно затворање.
Германија задолжена како никогаш- тешко се справува со коронавирусот
Учеството на јавниот долг во бруто домашниот производ на Германија, се зголеми за 10,3 проценти и достигна 70 проценти.
Големата финансиска помош која ја доби Германија за време на кризата од вирусот корона го зголемија јавниот долг на таа земја во 2020 година, и тоа за првпат по неколку години.
Според објавените податоци на официјалната веб-страница на Бундесбанк, државниот долг се зголемил за 275 милијарди евра минатата година, и достигна вкупно 1,33 билиони евра.
Ова е највисока стапка на раст на задолжувањата од обединувањето на двете Германии.