Кафе муабет

“Јадеме паштета и пржени јајца”- Познатиот фолкер и сопругата се пожалија-корона кризата затропа на врата!

Џани и Слаџа се пофалија дека трошат 10.000 евра месечно...

Кризата со коронавирусот најмногу ги погоди музичарите, а за тоа говорат и многуте сведоштва на популарните пејачи кои апелираа да се најде решение за нив, да можат да продолжат со работа.

фото инстаграм

И сопругата на популарниот фолкер, Радиша Трајковиќ Џани реши да проговори за моменталната ситуација и се пожали дека кризата им затропала на вратата.

фото инстаграм

Никогаш не сум тропнала на ничија врата, кој има ѓубре не гледа во неговиот двор, туку во нечиј друг. Ниту се фалам, ниту се жалам. Прилично е лоша ситуацијата, живееме со тоа. Имавме некои планови, но и некои трошоци. Да знаев дека ќе потрае ситуацијата подолго време, можеби немаше да инвестирам во нешто. Секој има свои маки – рече Слаџа и додаде:

фото инстаграм
фото инстаграм

– Луѓето постојано се прашуваат што јадеме? Па, јадеме паштета и леб, пржени јајца, јадеме како  што и нормалниот свет. Дали некој прашува каде е едното дете, па друго, па третото, каде е едниот, каде е другиот стан, колкави ни се долговите? На пејачите им е лесно да заработат многу, но никој не потенцира дека имаме многу трошоци. Никој во ситуацијава не ми прости долг и никој не праша дали имаш пари да платиш? – заклучи сопругата на Џани за „Стар“.

фото инстаграм

Да потсетиме, Слаџа веќе ја коментираше кризата заради пандемијата, а за Телеграф Џет Сет откри колку трошат Џани и таа месечно.

фото инстаграм

Таа често пати во јавноста знае да истакне дека со сопругот живеат на висока нога, а како што вели, трошоците заради короната им се огромни.

Во една прилика кога и кажаа дека на колегата на Џани, Мирослав Илиќ, му се доволни 3000 евра месечно, таа почнаа да се смее.

фото инстаграм
фото инстаграм
фото инстаграм

„Па, што ќе му се нему повеќе, кога со една нога веќе е во гpoб… Ма какви 3000 евра, освен ако не се грее на Смедеревац на дрва. На мене толку само за сметки ми требаат. На сметки најмногу и трошиме, бидејќи никаде и не одиме, 10.000 евра минимум“, изјави сопругата на Џани и додаде:

„Четири станови, па за сите сметки, струја, одржување… Потоа плати, фирма, даноци. Трошоците ни се огромни“.

фото инстаграм

Работи на нови песни, а наоѓа време и да се одмори.

– Имам многу хитови и повеќе не снимам ништо. Јас можам да живеам вака, ми треба мир. Бидејќи имам 49 години, и досега живеев како Брзи Гонзалес.

Ми треба пауза, а кога сето ова ќе заврши, ќе работам помалку, два дена во неделата … Три дена ќе кулирам, два дена на работа, два дена ќе се одмарам – рече Џани.

фото инстаграм

Од работната тема тој се префрли на приватната, за некое време ќе имам прослава, 25 години брак со сопругата Слаџа.

фото инстаграм

– Во мај славиме 25 години, никогаш не сум се скарал со жена ми, ниту пак ќе се карам. Таа ме познава и не ми пречи – додава тој.

фото инстаграм
фото инстаграм

– Јас сум весел човек, сакам да заработувам, но и да трошам. Кога сè ќе заврши, ќе направиме циркуз. Скоро добив златен ланец, дукати, часовник, сè – изјави пејачот за „Премиера“.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close