Кафе муабет
ОВА Е МАЌЕАТА НА РАДА МАНОЈЛОВИЌ: Прв пат се појави јавно и прозборе- еве што кажа за пејачката!
Таа ги гледа Рада и Маја како свои деца!
Пред повеќе од 10 години пејачката Радмила Манојловиќ ја загуби својата мајка, а потоа нејзиниот татко Раде Манојловиќ започна да се гледа со Сузана, коа сега е маќеа на Маја и Рада.
Инаку Сузана никогаш досега не давала изјави за медиумите, а потоа решила да го стори тоа во шоуто „Премиера Викенд Специјал“.
Сузана откри дека никогаш не правела разлика помеѓу Рада и Марија и нејзините деца и посочи дека никогаш немала намера да ја замени нивната мајка.
– Не сакам да давам изјави, јас не сум јавна личност. Кога дојдов да живеам тука со нивниот татко, не се обидов да ја заменам нивната мајка. Јас ги третирам исто како мои. Би било глупаво да кажам дека ги сакам повеќе од моите деца, но не ги двојам. Секој добива ист роденденски подарок – истакна Сузана.
Да потсетиме, Рада ја изгуби својата мајка пред повеќе од 10 години, која почина за време на тешка битка со раkот. Пејачката во едно интервју изјави дека на неа и нејзината сестра им било многу тешко на почетокот кога нивниот татко донел друга жена во куќата по смртта на нејзината мајка.
Во една прилика Рада раскажа и дека имала тешко детство.
За пејачката и нејзината сестра се грижел татко им. Радмила често одела на лекарски прегледи, а открила и поради што.
-Јас сум некој кој води грижа за здравјето. Често можете да м видите во разни клиники , на превентивни прегледи и на инфузии. Многу се сакам себе си. Ни се случи тоа што ни се случи во семејството и на мене и мојата сестра ни е врежано тоа дека мора да се контролираме.
Затоа што нашата мајка задоцни. Можеше веројатно да преживее како што таа болест се лекува во деведесет отсто од случаите. Така што нас ни е прашањето за цел живот, што би било доколку направеше преглед на време. За да не размислуваме за тоа, ние две можеби дури сега и претеруваме“, кажала Рада.
На прашањето дали ја мачи тоа што мајка и можела да преживее, Рада вели: „Не размислувам за тоа. Инаку сум некој кој не се навраќа на минатото.
Мојата сестра поради тоа ми вели дека сум себична, но јас за себе велам дека сум професионалец и дека го немам тој луксуз да се навраќам на минатото кога и да ми текне, туку еднаш на две три години“, кажала пејачката и признала дека некогаш знае да се исплаче за да и олесни.
Пејачката ја започнала својата кариера токму кога ја изгуби мајка си, а Маја, сестрата на Рада, пред извесно време откри низ што поминале како семејство по немилиот настан.
– Таа беше во болницата во Белград три месеци,на зрачење останатиот дел го помина дома. Цело време бев со неа, само одев на училиште и назад, бидејќи Радмила работеше цело време, тато ја возеше на свирки.
Не и реков ништо, не сакав да ја секирам, бидејќи таа мораше да работи и мислев дека само тоа треба да прави. Не и дозволив на Радмила да направи ништо во куќата, бев насекаде околу мајка ми, подготвував, чистев, тоа беа тешки моменти – рече Маја и додаде:
– Се случува и сега да и кажам на Радмила некои ситуации, кога таа не беше дома. На Радмила секако најмногу и е жал што не беше со нејзината мајка, не знаевме дека мајка ми ќе умре.
Знам дека најмногу на светот сакаше да биде со неа, но не можеше затоа што работеше.
Таа сега плаче кога ме слуша што сум поминала со мајка ми и што не можела тоа да го види . Не можеше да биде со неа се колку што јас бев.
Не ја оставив да мисли на тоа, да не се секира бидејќи знам колку се мачеше на тие настапи, таа и тато работеа свадби од утро до вечер.
Рада Манојловиќ работи со години, настапуваше низ целиот свет и заработува многу пари, но таа нема ништо свое освен автомобилот. Точно, таа ја реновираше куќата во Четереже во која живеат татко и’ и маќеата, но тоа е сè.
Поради сето ова, нејзиниот татко Раде е многу загрижен и смета дека таа не заслужува да живее вака, а работи толку многу. Дури и нема свој стан, па затоа тој реши да ги земе работите во свои раце и да ја научи својата ќерка да штеди.
„Раде мораше да удри со тупаницата на масата затоа што виде дека Рада никогаш нема да го сфати тоа самата. Ја гледа со години како троши на поранешните момчиња и сега на Харис, а воопшто не размислува за себе.
Па, таа му ја плати на Милан Станковиќ казната за Гранд, вложуваше за Момир во некој негов бизнис. Па, не е јавна банка за секој да зема од неа. Раде повеќе нема тоа да го толерира, па ја седна и имаше сериозен разговор со својата ќерка.
Тој и рече цврсто и строго: „Сè што заработуваш отсега, оди на моја сметка! Јас само гледам како фрлаш пари за глупости, а ти уште немаш ни свој стан.
Кај мене е најбезбедно, парите се на сигурно и ќе видиш, за една година ќе имаш толку многу пари што ќе можеш да избереш кој стан го сакаш. ќе ти остане и кусур, знаете дека внимавам со парите“- раскажа неодамна извор близок до семејството и додава:
„Таа го послуша и се согласи. Сфати дека е лоша со финансиите и му ги препушти на својот татко.
Реши да троши само минимална сума пари за своите основни потреби, а остатокот оди кај нејзиниот татко!