Кафе муабет
Јарец – скржавец кој го гризе совест и за најмала ситница
Овој хороскопски знак многу се плаши од тоа да не ги изгуби своите пари.
Никогаш, а посебно не во денешно време, не е добро да се расфрлате со пари и да трошите на непотребни работи. Но, не треба да се оди и во другата крајност и да се води сметка баш за секој потрошен денар.
Астролозите велат дека овој хороскопски знак најмногу се плаши од сиромаштија, па од самата помисла да ги изгуби своите пари му се создаваат ноќни мори. Тој многу штеди и е најголемиот скржавец во Зодијакот.
Јарецот штедењето го сфаќа како вложување во сигурна иднина. Многу се плаши од сиромаштија, па затоа не сака да се расфрла со своите пари. Тоа го смета за непотребно, па многу често не троши пари и на самиот себе. Ако потклекне и си купи себеси нешто скапо – долго време ќе го гризе совест.
Кредити не зема под никакви услови, а животниот сон му е да основа банка, со цел неговите пари да се размножуваат.
Сепак, храбар е и се жртвува кога некој му е важен, па умее да се „отвори“ и за по некој подарок, под услов да е практичен и да не е премногу скап. Јарецот не сака да троши ни на себе ни на другите, но закана му се уште три знаци: Девица, Бик и Скорпија.