Кафе муабет
Од 27 февруари следува поволен период и ослободување од лошите навики за овие хороскопски знаци
Еве кои хороскопски знаци ќе имаат голема можност да се ослободат од товарот кој го носат.
Полната месечина во Девица почнува од 27 февруари и ни пружи можнсот да се ослободиме од сето она што не ни одговара и ни претставува товар.
Овој период е идеален да се ослободите од лошите навики, емоционалните притисоци и да се соочите со некои лични предизвици.
Ова е време кога треба да си ги испитате секојдневните ритуали и да донесете рационални одлуки. Најдете време да го исчистите своето тело, ум и душа.
Еве на кои 3 хороскопски знаци најдобро ќе им влијае полната месечина во Девица, односно, периодот од 27 февруари.
Близнаци
Енергијата која ќе ви дојде овој период ве поттикнува да го исчистите својот животен простор од непотребни работи и да се ослободите од емоционалните притисоци од минатото. Ќе имате позитивни вибрации кои ќе ви помогнат при ослободување од материјалните работи кои повеќе не ви се потребни, а ќе бидете и особено продуктивни и инспирирани.
Вага
За време на полната месечина ќе сакате да се повлечете и да бидете сами. Ова е период на духовни мисли и многу одмор. Ќе сакате да се поврзите со својата душа и да залечите некои стари рани. Медитација и одмор во природа ќе ви помогне да си го разбистрите умот.
Водолија
Искористете ја енергијата на полната месечина за емотивно да се прочистите. Признајте си некои вистини на себе, исполнете ги своите ветувања и вратете ги старите долгови. Сега е време кога треба да расчистите со старите работи и да започнете нешто сосема ново и поинакво.
Под сјајот на полната месечина ќе иамте храброст да се соочите со негтивни емоции кои ве притискаат и конечно да ги отфрлите. Ќе се чувствувате многу послободно и многу поспремни да ја прифатите светлата иднина и сите промени кои доаѓаат.