MAMA

Самостојни жени кои ја знаат вистинската вредност: 3 работи кои се случуваат кога влегувате во четириесеттите

Еве зошто треба да ги сакате своите четириесетти години.

Со годините доаѓа и она од што многу жени се плашат – стареењето. Погледот на брчките во огледалото најверојатно ве тера да мислите дека ќе сакате да ги прескокнете сите родендени по четириесеттите. Но, верувајте, нема потреба за такво размислување, затоа што постојат причини кои ќе ве натераат да си ги сакате овие години.

Конечно сте свесни за себе

Кога ќе влезете во четириесеттите, ќе сфатите што сакате, во што сте добри, кој цените, што сакате да правите во животот, а најдобрата работа е што не мора да барате дозвола од кој било за овие работи. Порано сте се грижеле за целта на постоењето и сте се буделе на средина од ноќта прашувајќи се како да се соочите со проблемите.

Сега едноставно се соочувате, живеете и не се двоумите. Не сте исплашени, туку веќе сте храбри и бестрашни, затоа што четириесеттите се токму вакви. Вие сте во нова зона на комфор во која сте задоволни со самите себеси во секакво издание.

Станувате поотпорни и посамостојни

Порано ви требаше поддршка и одобрение за сите ваши идеи. Критиките ве погодувале. Што и да мислат другите за вас, за вашиот брак, работа, коса, куќа, автомобил и слично, честопати ве погодуваше. Но, вашата нова верзија во четириесеетите едноставно не се грижи за тоа. Одлучувате сами и самите носите одлуки.

Ако на другите не им се допаѓа тоа, вие не се откажувате, затоа што конечно сте си ги поставиле приоритетите во својот живот, а на прво место сте самите себеси. Развивате отпорност и не се откажувате лесно, а токму поради тоа четириесеттите се одлични!

Сфаќате кои се вистинските вредности

Деца, семејство, здравје – тоа е она што е важното и тоа веќе го сфативте. По четириесеттите почнувате да им зборувате на другите да не бидат материјалисти и површни, затоа што сте дошле до момент во кој самите сте го сфатиле тоа. Ги цените сите заеднички моменти и ситници кои ги добивате секој ден. Престанувате да губите време на неважни работи и сте свесни за вистинските вредности кои знаете како да ги чувате.

Па, четириесеттите носат промени. Како физички, така и психички. Сакајте повеќе, смејте се погласно и одлучувајте похрабро!

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close