Кафе муабет
НАЈСЛАТКИОТ БАКНЕЖ НА СВЕТ: Следбениците воодушевени- Пријовиќ со оваа фотографија предизвика многу позитивни коментари!
Пријовиќ ужива во мајчинството...
Иако постојано го држат настрана од очите на јавноста, сепак се случува пејачката Александра Пријовиќ обземена од емоции да сподели фотографија со нејзиниот син Александар кој на 9 ти март ќе наполни 2 години.
Пријовиќ фотографијата со нејзиниот син Александар ја сподели со своите следбеници на „Инстаграм“.
Пејачката во описот на прекрасната фотографија со малечкиот наследник напиша:
– Најслаткиот бакнеж на светот!
Сликата освои повеќе од 30.000 лајкови за неколку часа, а коментарите се нижеа од секунда во секунда.
Откри како го успива синот
Пред извесно време пејачката објави фотографија и откри дека со помош на песна успева многу брзо да го успие својот син. Имено, нејзиниот метод е толку добар што со еден потег успеа да го заспие својот син но и нејзината мајка.
– Кога ќе ги заспијам синот и мајка ми со песна – напиша Прија покрај симпатична фотографија, која ја објави на својот „Инстаграм“, што ги насмеа и воодушеви нејзините обожаватели.
Неодамна во едно интервју Пријовиќ откри дека се уште не планираат друго бебе, однодно дека не размислуваат за тоа бидејќи тоа не се планира..
Уживаат во љубовта!
Домот на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ е вистинска оаза на семеен мир, љубов и хармонија.
Александра и Филип уживаат секојдневно во заедничките моменти со синот Александар и нивното домашно милениче Маша.
За време на празниците пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографии од нивниот дом, па сите коментираа колку прекрасно украсиле и дека потсетува на мала бајка подготвена секако за малиот Александар.
Неодамна Александра во јавноста даде една интересна изјава, таа откри дека на неа и се чини дека нејзините колешки повеќе се замараат за нејзиниот брак со Филип отколку за нејзината кариера.
– На моите колешки повеќе им е проблем мојот брак отколку кариерата. Мислам дека преку сите успеси можат да поминат, но тоа што се омажив за него, преку тоа никогаш.
Излегува дека без Филип и Брена не би успела. Акцентот е на него секогаш, без оглед на тоа што сите песни и спотови сама ги финансирам, рекла Пријовиќ.
Александра Пријовиќ ја врзува љубовта и посветениот однос кој таа и Филип го градат.
Кога нејзината кариера е во прашање таа сака да слушне совет и од Филип и од Брена, но секоја песна и спот сама си ги финансира.
Сепак во семејството Живоиновиќ се чувствува сакано, прифатено, среќна е и не завидува на никого.
– Јас никогаш не сум била љубоморна на било чив успех, ни на работа ниту во семејството,рекла таа.