Uncategorized

Како со гласот да го смирите бебето кое плаче?

Понекогаш едноставно е претешко да се смири детето.

Повеќето млади родители „би си ја продале душата“ за да дознаат некоја тајна за смирување на бебето. Но, дали сте знаеле дека бебето можете да го смирите со својот глас, ткаа што ќе му зборувате со низок тон на гласот, без високи тонови и без шепотење.

Имено, истражувањата покажуваат дека нискиот тон на гласот има големо влијание на сите луѓе, вклучително и бебињата. Многу нешта зависат од тоа како звучите кога разговарате со другите. Ако правилно зборувате со бебето, кога ќе го чуе звукот на вашиот глас, детето ќе стане посмирено, поспано. Тоа е она што ви треба.

Зошто она „шшшшт“ не ви помага?

Кога бебето плаче, повеќето имаат потреба брзо да го запрат и почнуваат со повисок тон. Но, сфатете дека плачот е првиот јазик на новороденчињата, единствениот начин да се ослободат од емоционалниот стрес. Затоа, експертите советуваат нагло да не го замолчувате вашето бебе со цел побрзо да престане да плаче. Потребен им е активен слушател кој ги сака и одржува мирен став со нив.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close