Новости
БРЕМЕНАТА ЛУНА ГО “ЗАПАЛИ” ИНСТАГРАМ: Објави фотографија од новиот имиџ и порача: Ова сум јас, не сум се здебелила!
Пејачката и учесничка во реално шоу е во петтиот месец од бременоста
Веќе неколку месеци во медиумите главна тема е Луна Џогани, ќерката на Анабела Атијас и Гаги Џогани. Имено Луна ужива во петтиот месец од бременоста и истакна дека е среќна трудница а открива и дека нема повеќе мачнини.
Дека Луна ужива во бременоста доказ е и нејзината промена за која доби многу пофалби.
Имено, таа откри дека првите месеци од бременоста и биле многу тешки и имала мачнини, но сега кога сето тоа помина реши да се врати на својот стар имиџ и да покаже колку прекрасно изгледа.
Луна имаше кратка коса, а сега реши да ја надогради и стана русокоса, а со фотографијата на која го држи трудничкото стомаче, што јасно се гледа, ги воодушеви своите обожаватели.
– Луна се врати. Помина потешкиот период од бременоста, гадење, замор и тоа е веќе минато – не ми е гајле како изгледам! Сега влегувам во 5-тиот месец како старата Луна. Руса и долга коса… тоа сум јас. Се чувствувам како да сум во мојата кожа! напиша Џогани.
Луна додаде и дека не се здебелила за време на бременоста.
-И нека се знае, не се здебелив, носам широка лабава облека, па изгледам огромно. Јас сум згодна трудница напиша Луна во описот на најновата фотографија која ја сподели на Инстаграм.
Таа доби бројни комплименти и пофалби дека бременоста неверојатно и прилега и дека е разубавена.
На почетокот од бременоста Луна изјави дека често пати има промени во расположението и дека понекогаш плаче кога ќе се погледне во огледало бидејќи мисли дека е дебела. Сепак, свршеникот ја разбира и се обидува да и ги исполни сите желби.
Имено пејачката и учесничка во реалното шоу Задруга, е бремена од својот партнер Марко Мијковиќ со кој го очекуваат своето прво дете, а неодамна откри и дека на почетокот од нивната врска таа се сомневала во него и мислела дека со неа е поради корист.
Парот неодамна откри дека чекаат девојче.
Инаку пред извесно време и нејзиниот татко, танчерот и поранешен учесник на „Задруга“, Гаги Џогани, реши да не ја крие радоста дека наскоро, за неколку месеци, ќе стане дедо.
Гаги е особено емотивен поради блажената состојба на неговата ќерка и тој честопати и посветува емотивна порака јавно, што беше случај и сега.
Имено, Гаги објави стара фотографија од Луна и напиша три реченици кои, без сомнение, и ги разбудија најубавите чувства.
-Сè се менува, само твоите очи никогаш … Во нив се гледа целата убавина и добрина. Нека секогаш блескаат од среќа, моја гордост – напиша Гаги.