Бременост

Чудните желби за храна на бремените жени: Што би додале вие на оваа листа?

Бремените жени имаат необични желби за храна.

Желбите за храна на бремените жени честопати звучат чудно, но за многу идни мајки тие се реалност. Додека некои имаат среќа да тежнеат кон здрава храна како овошје и зеленчук, други повеќе ги привлекуваат слатките работи…

Британската веб-страница Emma’s Diary на фејсбук ги прашала трудниците кои се нивните најчудни желби. Еве ги резултатите:

  • алги
  • џем
  • сендвич од пилешко и јагода
  • парчиња лимон и парчиња сирење
  • лед
  • маслинки

Можеби ви звучи чудно, но ниту чоколада ниту кисели краставички не се најдоа на оваа листа.

Зошто се менуваат желбите поврзани со храна?

Едно направено истражување покажува дека во различни стадиуми на бременоста, се менуваат желбите поврзани со храна. Горките и намирниците со силен вкус се одбивни во првото тромесечје, желбата за солено и кисело се зголемува во второто и третото тромесечје.

Не е во целосност јасно зошто преференциите за храна се менуваат во текот на бременоста, но се претпоставува дека телото бара посолена храна бидејќи е богата со натриум, кој е потребен во бременоста.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close