Новости
Кога го фати сопругот со друга имаше 120 килограми – погледнете како изгледа сега
Откако го остави својот сопруг ослабна 46 килограми
Бетси Ајала од Тексас само што со својот сопруг доби ќеркичка и се случи шок заради кој и го растури радувањето.
Имено, таа на неговиот телефон пронашла пораки што ги разменувал со својата љубовничка, колешка од работа.
Но тоа не беше најлошото – најголемото понижување следуваше кога виде како тие двајцата се шегуваат на сметка на нејзините килограми.
Бетси кога се случи тоа, во 2013 година, имаше 120 килограми. Како што самата вели, само што се породила и на секој начин се обидувала некако да се реши од вишокот килограми кои како што признава самата, ги имала цел живот, а за време на бременоста и дополнително се здебелила.
– Со него бев од мои 17 години и практично целиот мој живот го посветив нему и на нашата врска. За тоа време, тој ме изневеруваше со својата колешка, а меѓусебно ме нарекуваа дебела крава и уште милион други грди имиња, и практично бев уништена. Не знаев што да правам со самата себеси. Бев поприлично угоена, имав шестмесечна ќеркичка и целиот живот ми се распаѓаше пред очите – се присеќава Бетси на најтешките моменти во нејзиниот живот.
И што е потполно разбирливо, таа заради целата ситуација падна во депресија, но за среќа тоа не траеше долго.
Имено, таа не си дозволи долго време да очајува и реши да направи исчекор и да сврти нова страна во животот.
За почеток ги исфрлила сите грицки од менито и почнала да оди на часови по Зумба со своите сестри.
Килограмите почнале да се топат, а по две години подоцна, Бетси имаше 46 килограми помалку.
Но таа не се откажа и продолжи со вежбањето и слабеењето. Меѓувреме ја засака и здравата храна и вежбањето, а стана и личен тренер.
„И кога сега ќе се потсетам на целата ситуација, тоа што ми се случи со мажот всушност беше прикриен благослов бидејќи прашање е дали инаку би се натерала на таква трансформација. Целиот живот се молев животот да ми се промени и ја добив шансата. Беше болно, но ми беше одговорено на моите молитви и јас не ја испуштив таквата шанса. Сега сум благодарна на сето што ми се случи“, вели оваа мама, а пишува порталот „Жена.Блиц“.
Порано никогаш не сакав да се занимавам со спорт бидејќи мислев дека сите ќе ми се смеат заради вишокот килограми.
Целиот живот, од основно училиште, изложена сум на навреди заради вишокот килограми, а ги решавав со храна.
Решив дека тоа морам да го променам, заради мене но и заради ќерката. Нејзе и го пренесов моето знаење за здравата храна и вежбањето. Сакав да биде горда на својата мајка и да и служам како позитивен пример, заклучи таа.
Таа минатата година повторно застана на лудиот камен, а наскоро ќе стане мајка по втор пат – нејзината ќеркичка ќе добие братче!