Новости

Докторот ја советувал мајка и да ја остави, а денес Медлин Струјарт е првиот професионален модел со Даунов синдром!

Инспиративната приказна на Медлин Струјарт ги освои срцата на многумина

Иако има само 21 година Медлин Стјуарт успеа да доживее светски успех во професијата како модел.

Имено таа е девојка со Даунов синдром која руши предрасуди и успеа да покаже на светот дека треба да се следи сонот.

Зад неа има повеќе од 60 модни ревии, а пред неа се големи планови. Заврши две кампањи со Алдо и Дизел, а некои од големите проекти планирани за следната година се во завршна фаза.

Историјата засекогаш ќе ја памети како прв професионален модел во светот со Даунов синдром.

Сè започна пред околу три години кога нејзината мајка ја однесе на модна ревија во Бризбејн.

На Розен и требаше само еден момент за да сфати за што сонува Медлин и дека таа е доста поразлична од она што го работеше претходно –  во кафуле.

„Мамо, јас сум модел“, и рече Меделин бестрашно.

Росен, како и секогаш, реши да ја поддржи својата ќерка , советувајќи ја да започне да јаде здраво и да спортува.

Медлин сериозно се фати за работа и на крајот нејзината мајка ја однесе на фотосесија. Тие исто така создадоа јавна страница на Фејсбук и објавија нејзини фотографии пред и потоа.

Следеше експлозија од позитивни коментари.

За само неколку дена, нејзината страница имаше скоро седум милиони прегледи, а весниците ширум светот објавуваа за неа.

За еден месец, таа беше поканета да учествува на Модната недела во Њу Јорк. Следуваа Париз, Лондон, Дубаи, Кина, пренесува „Јутарњи лист“.

Единствената личност која не беше изненадена од вртоглавиот успех беше Медлин.

“Никогаш ни на секунда не помислив дека нема да можам да го сторам тоа. Сакам да бидам модел, и тоа само по себе ме тера да работам напорно за да ја надминам секоја пречка со која се соочувам.

Смешно е затоа што кога растев, никогаш не ме интересираше модата или облеката и никогаш не се замислував како модел. Сè започна кога мајка ми ме однесе на модна ревија. Ги гледав моделите на пистата и тие толку многу се забавуваа. Изгледаа самоуверено и убаво. Веднаш знаев дека сакам да започнам кариера на модната писта “, рече таа во интервју за Попсугар.

Росен ја родила Меделин кога имала 26 години. По нејзиното раѓање, докторот и рекол дека треба да започне нов живот, и да ја остави ќерка си во болницата поради тоа што има Даунов синдром.

Детето никогаш нема да постигне ништо, тоа ќе остане во ментална возраст на седумгодишно дете засекогаш, и рекол докторот.

Росен ги слушаше советите за живот од самиот почеток, но не целосно како што замислуваше лекарот.

Таа се заклучи во соба три дена, плачеше, а потоа се врати при себе, се раздели од сопругот и никогаш не погледна назад.

Особено не сега кога и таа и нејзината ќерка имаат толку многу работа со нормализирање на пристапот до Дауновиот синдром.

И покрај учеството на модни ревии, Росен и Медлин сè уште бараат соодветна агенција со која моделот би потпишал договор.

Денес, Медлин има силна порака до работодавците во модната индустрија, но и во другите сектори.

„Би сакала да знаеш дека луѓето со Даунов синдром се многу способни да сторат се што ќе замислат. Можеби ќе треба да ни објасниш или да ни покажеш на поинаков начин отколку на оној што си навикнат, но јас ветувам дека можеме да работиме напорно.

На пример, полесно ми е кога дизајнерите ќе ми покажат што да правам, наместо да ми кажуваат. Јас секогаш разбирам, само учам на поинаков начин “, вели Медлин, која многу добро знае што друго би сакала да постигне.

“Мислам дека сонот на секоја манекенка е да се појави на шоу на Викторија Сикрет, а моето не се разликува. Би било искуство што ќе го промени животот”, вели Медлин, која тврди дека најголемпример и е нејзината мајка, која секој ден ја потсетува дека е силна, сакана и убава .

Во продолжение уште неколку фотографии од оваа храбра девојка која реши никогаш да не се откажува од својот сон…

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close