Новости
Фановите останаа без здив: Водителката прв пат јавно ја покажа својата мајка, еве што работи и како изгледа!
Водителката ја наследила убавината од мајка си
Нина Радуловиќ важи за една од најубавите и најатрактивните водителки во регионот.
Каде и да се појави таа мами воздишки поради својата убавина која очигледно ја наследила од својата мајка.
Водителката која ретко открива детали за својот приватен живот, сега реши на својот Инстаграм профил да сподели фотографија од својата мајка, и предизвика бура од реакции.
Фановите не престанаа да и делат комплименти на убавата и шармантна Нина, велејќи дека сигурно тоа се должи на гените кои ги наследила од мајка си Гоца Радуловиќ.
Мајката на Нина по професија е стоматолог, па не е ни чудо што водителката има беспрекорна насмевка!
Јас сум и мајка и татко!
Нина е од оние јавни личности кои не сакаат да зборуваат многу за својот приватен живот, но пред извесно време направи исклучок и прозборе за својот син Лео, кој го роди кога се омажи за актерот Бранислав Лежиќ.
– Јас сум и мајка и татко, иако тој е веќе големо момче. Полека почнува да останува дома сам и ужива во таа независност, тој е некој што созреал во тој мој процес на работа. Му велам: „Мама мора да оди на работа, но затоа и ти работиш“.
Не дозволуваме дури да добие четворка во трето одделение, ние секогаш одиме на петка – рече Нина за „Премиера“.
Успеа да ја победи короната!
Во август годинава, водителката беше заболена од Ковид-19 и истакна дека поради тоа повеќе од месец и половина не го видела својот син, и комуницирале само преку видео повик.
Откако заболе со вирусот корона, Нина Радуловиќ мораше да остане со денови во болницата, а потоа и дома, што дополнително и го влоши проблемот со грбот.
Убавата водителка веќе неколку години води битка со дикус хернија, а кога нејзината состојба се влоши, не крие дека била загрижена и дека решила да ги земе работите во свои раце.
– Проблемите со ‘рбетот секогаш се тесно поврзани со стрес, несоница, неактивност, прекумерно седење, стоење или лошо држење на телото. Лажењето е особено лошо за ‘рбетот, што во мојот случај е предизвикувач на акутни проблеми. Додека бев болна од вирусот, лежев со болница со денови, а потоа дома и проблемот траеше. Сега полека се опоравувам и редовно одам на терапија – откри водителката.