Новости

Пред четири години родителите го оставија и го прогласија за вештер: Би го препознале ли денес детето за кое плачеше целиот свет?

Малиот Хоуп денеска е здрав, одлично напредува и оди на училиште

Пред четри години, активистката од Данска Ања Ринген Ловен го пронајде и спаси 2-годишното дете од Нигерија кого сеемсјтвото го напуштило мислејќи дека е вештер.

фото кајгана

 

Детето го оставиле да умре, а Ања го пронашла момчето како лута по улиците сосема голо. Тој бил многу слаб и полн со паразити, бидејќи живеел осум месеци од  храна што луѓето ја фрлале кон него.

Но малиот Нигериец кој помина долг пат од екстремна неухранетост денеска е здраво седумгодишно дете кое го доби името Houp- што значи Надеж.

 

 

-Надеж за мене е специјално име. Не само значењето на Надеж, но и тоа што го претставува. Пред многу години си го истетовирав името НАДЕЖ на моите прсти заради тоа што за мене значи: Помагај ѝ на една личност секој ден – напиша Ања кога го пронајде детето.

 

Кога беа објавени на социјалните мрежи во 2016 година, фотографиите од малото момче кое беше преслабо го потресоа целиот свет.

 

фото Кајгана

 

“Тој беше во ужасна состојба. Тој беше неухранет, истоштен и имаше неколку болести. Првите две недели од хоспитализацијата беше во критична состојба, не знаевме дали ќе преживее”, рече Ања, која во последните 6 години се грижи за стотици напуштени деца.

Денес, Хоуп изгледа сосема поинаку.

фото Кајгана

 

“Тој е здрав и сака да оди на училиште. Тој е многу паметен и сака да црта, ние го нарекуваме нашиот мал Пикасо. Продадени се неколку негови цртежи”, рече таа.

Инаку, Хоуп никогаш не ги запознал своите родители, а хуманитарната организација што му помогнала не успеала да најде ниту еден од неговите роднини.

 

Фото Кајгана

“Децата се раѓаат без предрасуди. Кога ќе почнете да ги учите децата како да размислуваат или да не размислуваат, тогаш ние пропаѓаме како општество. Дали го учиме Хоуп да ги мрази родителите кои го напуштија, го обвинија дека е вештер и го оставија на улица да умре? Секако не.

 

фото кајгана

“Суеверие се јавува поради недостаток на образование, сиромаштија, верски фанатизам и корупција. Ниту едно општество не може да се развие ако не се почитуваат основните човекови права, како што се образованието, здравствената заштита и социјалната заштита”, рече Ања.

 

 

Во некои делови на Африка, многумина се обвинети за вештерство поради смрт или болест во семејството, неплодни години, невработеност или неплодност. Тогаш децата стануваат жртвени јагниња и ги обележуваат како вештери и ги оставаат на улица.

Ања и нејзиниот тим спасиле околу 300 деца и во моментов се грижат за 76. Меѓу нив има и девојчиња кои биле мачени, сексуално злоставувани, па дури и живи закопани.

 

„Образованието е најсилното оружје во општеството против незнаењето“, заклучи таа.

Секоја година, Ања се сеќава на денот кога го пронајде Хоуп, а во 2020 година таа рече:

 

“Оваа година тој беше кум на свадбата на еден наш колега. Јас сум многу среќна што бев дел од ова патување. Се надевам, сега го имаш целиот свет под твоите нозе. Оди истражувај и не гледај наназад “.

Во 2016 година германското списание „Ooom“ ја назначи Ања како број еден на листата „100 најинспиративни личности“ .

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close