Градинка
Знаци кои откриваат дека на детето му дошло време за спиење
Мали деца се прекрасни живи битија, но исто така знаат да имаат и некои големи барања.
Некои постапки на детето откриваат дека му дошло време за спиење. Во продолжение погледнете некои од нив.
Се „лепи“ за вас
Ако вашето малечко не сака да се „одлепи“ од вашите нозе или ве моли да го кренете в раце и да го гушкате – тоа честоапти е јасен показател дека детето е уморно. Малите деца во тие моменти сакаат да се „прилепат“ до мајката или таткото, за да се чувствуваат подобро.
Бара се’ повеќе внимание
Како што станува се’ поуморно и поисцрпено, ќе почне да бара се’ повеќе и повеќе внимание. Таквата промена во однесувањето е знак дека треба да намалите со активностите за детето и да го легнете на спиење.
Раздразливост
Ако што и да правите не му е по волја на детето, или станува премногу чувствително, големи се шансите тоа да е преуморно и само да сака да потоне во сон…
Плачење
Малите деца не плачат секогаш поради тоа што се уморни, но поголем дел од времето нивниот плач претставува јасен знак дека се уморни и дека треба да одат на спиење за да „си ги наполнат батериите“. Прегратките и утехата се најдобар одговор во тоа време.
Досадување и фрустрации
Ако детето кое вообичаено е пристојно и љубопитно, почне се’ да сфаќа како претешка задача и целосно стане незаинтересирано, иако е со авантуристички дух, сфатете го тоа како знак за умор и време за спиење.