Новости

ЧУДА СЕПАК СЕ СЛУЧУВААТ: По 14 спонтани абopтуси на 47 години роди дете со помош на наградна игра!

Кога решиле да се откажат, тогаш го добиле најубавиот подарок за нив!

Патот до нивното единствено дете не бил воопшто лесен.

47- годишната Џо Сколен и нејзиниот сопруг Џејсон кој има 49 години, по 14 спонтани абopтуси, конечно успеаа во своите раце да ја држат ќерќичката Џесика.

 

 

Имено нивната приказна е инспиративна поради фактот што, во моментот кога немале повеќе сили, и речиси и да се откажале од помислата да имаат дете, Господ ги наградил со нивната ќерка.

Џо и Џејсон се запознале во еден паб во Вимблдон, југо-западен Лондон, во 1998 година. Тие набрзо потоа започнале врска и брзо се решиле да живеат заедно, а по само една година почнале да се обидуваат да имаат бебе.

Таа за прв пат остана бремена во 2000 година, а првата загуба ја претрпе истата година, кога беше бремена околу седум недели.

 

 

 „Беше страшно – сите наши надежи за иднината беа таму, а потоа нашиот свет се распадна. После тоа морав да останам во болницата една недела. Но, во наша природа е да не се предаваме лесно, па затоа само се обидовме да се ослободиме од негативата и да се обидеме повторно ‘.

Тие по 20 години заеднички живот сакаа да станат вистинско семејство, но патот до нивното дете се претвори во вистински пекол, за на крајот нивната упорност да се исплати, а среќата конечно им се насмевна, пренесува Дејли меил.

Тие започнаа да „работат“ на случајот бебе уште во 2000 година, а Џо немаше никакви проблеми со зачнувањето, но за жал се соочуваше со големи проблеми и дилеми, зошто бременоста никогаш не траеше подолго од 14 недели?

 

 

Првично и самите доктори не можеа да откријат зошто Џо не може да го износи бебето докрај.

За да се тргнат од секојдневието, но и за да се опуштат и релаксираат Џо вели дека се преселиле во Шпанија каде живеат сега.

Тие таму се обиделе со ин витро оплодување но без успех.

Бидејќи веќе имале недостаток на средства за финансирање на понатамошни третмани со ИВФ, двојката речиси и се откажала од желбата за дете, но кога судбината ќе вмеша прсти тогаш се случуваат чуда, па така таа „од очај“ аплицирала на една бесплатна наградна игра за третман на плодност на Кипар. И покрај сите негативни бремености што ги имаа – конечно успеаја!

 

 

– Сè беше неверојатно. Бев на колена, во фаза кога мислев да се откажам. После толку разочарувања, надежта последна умира. Во еден момент буквално останавме без пари – и бевме истрошени и финансиски и емоционално – и ова целосно беше како гром од ведро небо! Тоа беше светлата точка. Џесика беше нашиот сон. Мислам дека никогаш немало бебе што толку многу се чекаше – изјавила пресреќната мајка.

 

 

Поради глобалната ситуација со пандемија во целиот свет, парот немаше можност да оствари многу од планираните работи што сакаше да ги направи со своето бебе, како што се обиколки по паркови, зоолошки градини и слично, но самиот факт дека таа е тука им значи повеќе од која било „ситуација“.

Докторите немале одговор!

 

Џо вели дека во тоа време ниту докторите не знаеле зошто таа го губи плодот. Бидејќи немаше проблеми со зачнувањето, таа не размислуваше за ин витро оплодување.

 

 

Им требаше пауза и промена, па продадоа се што имаа и се преселија во Гранада, Шпанија во 2009 година.

„Дојдовме тука за да го намалиме стресот и да ги поедноставиме нашите животи, мислејќи дека тоа може да помогне“, објасни таа, додавајќи дека можела да направи повеќе тестови во Шпанија за да утврди зошто абортирала.

Лекарите откриле дека таа има три вида нарушувања на коагулацијата на крвта и дополнителни имунолошки фактори како синдром на хроничен замор кои можат да влијаат на нејзината бременост.

Таа претрпе вкупно 12 спонтани абортуси пред да се обрати за репродуктивна нега во Шпанија во 2014 година, што чинеше околу 17.000 куни.

 

 

Ова, заедно со сите останати трошоци поврзани со посета на експерти и правење тестови, донесе многу трошоци за парот.

За малку ќе се откажеле од желбата да добијат дете

 

Лекарот за абортус од Епсом, Сари, ја советувал дека точно одредување на времето за земање лекови може да даде надеж.

 ‘Одлучивме дека тоа е нешто што претходно не сме го пробале и треба да пробаме’.

Како резултат на ова, таа повторно забремени, но го имаше 13-тиот абортус во 2014 година.

– Бев на работ да се откажам – секоја бременост и абортус беше различна и поинаку трауматична. Многу клиники рекоа дека ИВФ нема да биде успешно затоа што немав проблем со бременоста, туку едноставно не можев да го задржам бебето.

Тие скоро се откажаа од надежта кога Џо сосема случајно здогледа натпревар на списанието ivfbabble на Фејсбук во ноември 2018 година, а наградата била бесплатно инвитро.

Натпреварот бил по повод 40-годишнината од раѓањето на првото дете родено по пат на ин-витро оплодување, Луиз Браун.

– Само кликнав во тој очаен момент и потоа целосно го заборавив. Продолживме со 14-от пораз и сметав дека нема смисла да се продолжи, но тогаш добив е-пошта со порака дека сум добитник на бесплатно ин витро.

Таа веднаш им се јави за да види дали станува збор за измама.

– Кога сопругот и јас сфативме дека е вистина, не бевме при себе. Никогаш во животот не сум освоила ништо, можеби само ќесичка чипс – рече таа.

Тие беа еден од десетте добитници и веруваат дека нивното бебе можеби било првото родено од процесот на наградата.

 

Зачнувањето и чудото кое ги направи среќни

 

Нивната постапка за Ин-витро беше закажана на клиниката Дуња на Кипар, а парот патуваше 36 часа од својот дом во Шпанија во ноември 2018 година.

– Бидејќи циклусот ИВФ беше бесплатен, моравме само да го финансираме патувањето до таму, што не беше лесно рече таа.

Имаше многу одложувања на летовите, тие мораа да се договорат да се грижат за многу животни што ги имаат, но со ИВФ сè има многу строг распоред, па мораа веднаш да заминат.

 

 

„Предноста на ИВФ за мене беше што лековите беа темпирани за мојот циклус и помагаа во некои препреки“, објасни таа.

Поради грешка дојде до неуспех на првиот циклус на ИВФ, па клиниката им понуди втор обид за инвитро, па парот се врати на Кипар во февруари 2019 година.

Четири недели подоцна, Џо и Џејсон отишле во Картагена за да откријат дека таа е бремена.

За време на бременоста, секој ден земала лекови кои ќе и помогнат да го задржи нејзиното бебе, а и покрај тоа што се обидувала да медитира и да размислува позитивно, сепак чувствувала скриен страв.

Постојано велевме дека ова е чудо за нас и дека сè мора да си дојде на свое место. Тогаш сè започна да се случува, чекор по чекор. Џејсон ме гледаше како да сум од стакло. Не постоеше момент кога помислевавме „Фала му на Бога, сè ќе биде добро“, туку во текот на целата бременост, сè до породувањето, ја чувавме надежта во себе. – рече таа.

 

 

На 18 октомври 2019 година, 18 часа по пукањето на Водењакот, детето сè уште не беше пристигнато, па на 19 октомври беше направен итен царски рез.

Џесика Роуз, која сега има 13 месеци, родена е здрава и тешка 2.900 грама.

„Дури и кога таа се роди, постојано проверував дали таа навистина е таму – сè уште не можам да верувам дека тоа ни се случи“. Јас сè уште проверувам, но секоја недела станува се пореално – изјави пресреќниот пар кој се надева дека нивната борба ќе им даде сила на другите кои се во во слична ситуација.

Семејството се надева дека по Џесика во иднина ќе успее да посвои брат или сестра.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close