Бебе

Професор и забранил на студентка да го дои своето бебе за време на онлајн настава- разлути милион луѓе ширум светот

Сепак мајката добила позитивни вести од раководството

Оваа исповед на една мајка, стана вирален хит на социјалните мрежи откако реши да ја сподели на својот Фејсбук профил.

Фото Фејсбук

 

Имено Марсела Марез која е мајка на едногодишно девојче Оливија, а воедно и студентка на американскиот колеџ јавно проговори за дрскиот професор кој не и дозволи да ја исклучи камерата и да го дои своето дете.

Таа вели дека одлучувачки фактор за кој се запишала на факултет во моментов се предавања преку Интернет, кои и овозможуваат да слуша часови од дома што е многу полесно бидејќи сепак ќе биде со своето дете.

 

Но тоа со себе носи и одговорност за нејзината ќерка, меѓу што спаѓа и доењето на малата Оливија.

Овој семестар, сепак, професорот им рече на студентите дека ќе треба да ги уклучат камерите и микрофоните за време на четирите последователни предавања по математика.

Марез му испрати е-маил за да објасни дека ќе мора да ја исклучи камерата кога ќе го дои своето мало девојче.

Неговиот одговор ја шокираше.

Фото Фејсбук Marcella Mares

 

“Не треба да доите за време на часовите. Извршете ги своите должности пред или по часовите”, одговори професорот.

Одговорот на професорот многу ја вознемири оваа мајка. За неа сè уште не беше јасно зошто, доколку е потребно, не може да ја исклучи камерата за да ја надои својата ќерка Оливија.

На следното онлајн предавање, тој пред сите студенти изјавил дека добил чуден меил од една студентка во кој таа го замолила да ја исклучи камерата за да направи несоодветни работи. Професорот без срам продолжи да и држи предавање на Марсела за тоа како таа ќе треба да се прилагоди на неговото учење, да посвети поголемо внимание на предавањата и да најде некој кој ќе го чува нејзиното дете.

Фото Фејсбук Marcella Mares

 

Оваа постапка на професорот ја разлутила Марсел и таа му одговорила веднаш по завршувањето на часот.

“Му испратив е-маил и го прашав за правата на студентите и правилата што одредуваат дека доењето не е дозволено. Сакав да ми објасни точно каде пишува дека доењето не е дозволено за време на онлајн часовите”, луто реагира Марсела.

Фото Фејсбук Marcella Mares

 

„Тој веднаш ми одговори и рече дека нема правила, но дека тој ги следи само упатствата.

Марсела се чувствувала многу непријатно заради оваа ситуација, а нејзиниот сопруг без размислување и посочил и посоветувал дека мора да контактира со администрацијата на колеџот.

Марсела го послуша и преку маил се обрати до раководството на колеџот.

Фото Фејсбук Marcella Mares

 

Од раководството доби одговор, кој многу и се допадна. Имено, тие објасниле дека има многу мајки како неа и дека треба да им се даде голема поддршка во нивната желба да се образуваат. Затоа, постои законска регулатива која ги штити сите доилки, мајки и бремени жени, а професорите се должни да им дозволат да ги извршуваат родителските должности.

Времето за одмор на мајката, одредени поволности, како и грижата за децата се неопходен правен услов што овој професор го прекршил.

Фото Фејсбук Marcella Mares

„Ова се основни работи, но многу малку жени знаат за своите права“, рече мајката.

Поради ова искуство, Марсела сакаше да им покаже на мајките дека мора да бидат упорни и да се борат за своите права дадени со закон.

Сè е можно кога сакате, па мама може да биде студентка со родителски привилегии.

Извор: Yumama.rs

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close