Новости

ИНДИ ПРВО ЈА ДОВЕДЕ ЛИНИЈАТА ДО СОВРШЕНСТВО А СЕГА ЌЕ СТАНЕ МАЈКА? Пристигнува бебе наредната година?

Пејачката направи интересен тест кој замисли многумина

Пејачката Индира Арадиновиќ – Инди која успеа да ја доведе до совршенство својата линија, сега открива и дали би се остварила во улогата на мајка.

Имено во медиумите започна да се пишува дека постои можност пејачката да е бремена, откако таа направи еден забавен тест на кој излезе дека во 2021 година ќе се оствари како мајка.

Судејќи според емотиконот што го објави со овој симпатичен тест, Индира навистина не очекуваше ваква вест.

 

&nbsp
Инди во една прилика зборуваше на оваа тема и рече дека се уште не ѝ е период за да се оствари како мајка:

 

 

– Кога би имала некој покрај себе, можеби би размислувала за тоа да станам мајка, но бидејќи сум сингл, навистина не е време за тоа. Кога ќе ја најдам сродната душа и идеалниот партнер сигурна сум дека ќе добијам дете, истакна пејачката.

Инди за малку ќе го изгубеше животот

 

Познатата пејачка Индира Арадиновиќ Инди во мај годинава излезе од болница откако помина низ вистински пекол.

 

 

Имено, пејачката сакаше да направи операција на желудникот од естетски причини, па сето тоа се претовори во борба за живот.

Пејачката по успешното опоравување, реши дека и натаму треба да води сметка за својата линија и за здравјето и тоа, како што рече до крајот на животот.

 

Пејачката откри дека најголема поддршка во текот на опоравувањето ѝ биле мајката и сестрата Едита, и посочи дека колегите се воодушевени од нејзиниот изглед.

 

– Пријателите, колегите и мојата публика прво ми беа голема поддршка, а сега, кога најлошото помина, не фалат дека убаво изгледам и дека многу сум ослобаел, но не чека уште. Ми се додворуваат многу мажи, но идеално момче за мене не е од Србија. Не велам дека нашите момчиња не се убави, но сето тоа веќе го поминав и знам дека мојот идеален маж нема да биде од нашата земја, откри Инди.

 

Во Ами Џ шоу Инди отворено зборуваше за пеколот низ кој помина.

-Секоја хируршка операција носи свои последици и опасност, јас спаѓам во најкомплицираната ситуација, која мене ми се случи… Се случи повреда на панкреасот. Панкреасот, сите знаеме е најважен орган, кој е најмногу потребен.

 

Тој почна да му прави проблеми на организмот, да ја поткачува слезината која се воспали и која со втора операција мораше да се отстрани. Значи, јас повеќе немам еден орган во себе! А што се однесува до желудникот, го немам повеќе сливот на желудникот, туку комбинација на слив и бајпас… А бајпас прават само луѓе со екстремна дебелина и кои екстремно треба да симнуваат килограми, така што во тој момент беше важно само да се спасам.

Ситуацијата била алармантна, требало да прави и трета операција

 

 

– После таа втора операција почна мојот пекол со моето здравје… Тоа е зад мене, но тогаш во тој момент, воопшто не ми беше лесно. Сега се е во ред. Беше во опција и трета операција, зошто ситуацијата беше толку алармантна. Бев префрлена од втора болница во трета, каде ми е спасена циста на панкреасот која протекуваше. Месец дена не можев да внесам ниту два децилитри вода, се повраќав, само на инфузии бев.

 

Поминав сериозна опомена. Се е зад мене, се е ОК, можам да продолжам да живеам нормално – да се хранам здраво. Јас го победив животот. Но со оглед на тоа дека знам ништо што се поминав и дека секогаш ќе бидам пред искушенија, Бог ме сака и ми даде шанса да продолжам понатаму, раскажа Инди за својата животна битка и признава дека нејзиниот живот повеќе нема да биде ист како некогаш.

 

 

 

 

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close