Дом и семејство

Неговата сопруга е Македонка- еден од најпознатите водители на Балканот открива што му зборува таа постојано!

Огњен Амиџиќ ја открива тајната з ауспешен брак

Данијела Димитровска  која е една од најпознатите манекенки, и е со македонско потекло и водителот Огњен Амиџиќ важат за еден од најсексапилните парови на балканската естрада. Тие се во брак веќе десет години, а во нивниот љубовен живот не постојат скандали.

Во едно интервју за Storu.rs водителот зборуваше за тоа каков е нивниот однос и за јавноста откри неколку детали кои до сега никој не ги знаеше.

Огњен призна дека периодов додал некое кило на себе, а за тоа неговата сопруга која изгледа совршено, често го прекорува.

 

Фото Женски Магазин

– Секако, таа често ми кажува дека би можел да бидам малку подобар.Таа секогаш изгледа одлично и би било добро да ја следам неа. Ние се надополнуваме еден со друг за ова и за други прашања. Таа уште кога беше многу млада жена, започна да работи во странство и ја изгради таа цврста дисциплина, таа е многу точна и посветена, за разлика од мене – призна водителот за „Стори“.

 

Фото Вистина.мк

Јас понекогаш и велам дека мора малку да се опушти, а таа ми вели дека треба да научам нешто од неа. Во секој случај, ако и двајцата примениме некои од овие работи, тоа би било идеално.

Бидејќи до сега во јавноста за нив нема ниту еден скандал, Огњен открива неколку рецепти за хармоничен брак.

– Можам да ви дадам илјада рецепти на таа тема, но навистина верувам дека ако луѓето добро се вклопат и разбераат, тоа е најдобра основа. Мора да работите на таа врска еден со друг и постојано да ја освежувате. Не смеете да влегувате во рутина или досада. Исто така, треба да го направите бракот приоритет во вашиот живот. Ако гледате така, тогаш ќе го чувате затоа што немате ништо повредно – истакна Амиџиќ.

Данијела Димитровска започна свој бизнис

 

Топ моделот Данијела Димитровска Амиџиќ минатата година одлучи да започне свој приватен бизнис. Покрај модната агенција во нејзина сопственост, манекенката реши да отвори и салон за убавина и тоа во самиот центар на Белград.

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

 

Таа со својата блиска пријателка Ивана влезе во заеднички бизнис, а бидејќи Ивана со години се занимава со нега на жени, таа ќе биде задолжена и да води сметка за изгледот на клиентките, пренесува Телеграф.

 

Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска

„Даниела со години наназад се негува кај својата пријателка Ивана која веќе има еден салон во родниот град на манекенката, Пожаревац. Бидејќи многу и е важно лицето секогаш да и биде перфектно, Даниела долго време барала кому ќе му ја препушти оваа задача. Кога почнала да оди кај својата пријателка Ивана, сфатила дека тоа е полн погодок, па и предложила да започнат заеднички бизнис во Белград“, вели изворот, а пренесе порталот „Србијаданас“.

 

Данијела го открива клучот за добра линија

 

Според манекенката Даниела Димитровска која со семејството живее во Белград, балансираната исхрана е клучот за добра линија.

 

 

Поранешната манекенка интернационална слава стекна како модел, а потоа поради љубовта се откажа од својата кариера кога реши модните писти да ги замени со семејство.

Таа и  Огњен Амиџиќ, го имаат синот Матеја.

 

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

 

Покрај тоа што е одлична сопруга и мајка, таа е и успешна бизнисменка која со леснотија ги завршува своите обврски.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

 

Даниела важи за добро огранизирана жена, која макотрпно работи но сето тоа очигледно се исплати.

 

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Што се однесува до линијата, според неа клучот е во добриот баланс на исхраната, тренингот и планирањето на времето.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

 

Таа е сопственичка на модна агенција со која на девојките им помага да го остварат својот сон – да се најдат на насловните и светските писти. Таа воедно е сопственичка и на еден од најпопуларните козметички салони во Белград. И како што вели таа, за планирање на сите обврски и слободни активност најважна е во животот да се има добра организација.

 

 

„Мој избор е да работам на два фронта и во тоа уживам. Навикната сум да ми бидат организирани деновите во целост и тоа е нешто што ме исполнува, а составен дел од таквата организација секако е и тренингот, време а опуштање и за моите пријатели. Исто така многу е важно во се’ да се има мера, колку што е тоа можно“, вели Даниела за „Стори.рс“.

 

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Таа додава дека го сака брзото одење и често поминува преку 10 километри во прошетка. Не се врзува со еден ист тренинг, а неделно има по три тренинзи.

Поранешната манекенка својата сјајна фигура ја покажа и во музичкиот спот за песната „Додади гас“, што го снимаше со сопругот во јануари, на Малдивите.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

 

И ментално и физики навикната сум на вежбање. Со тренинзи ја одржувам кондицијата и физики останувам во добра форма, а тоа е важно и за мојот ментален склоп бидејќи за мене преставуваат како анти-стрес терапија, вели мајката на седумгодишниот Матеја.

 

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Што се однесува до исхраната, таа вели дека се обидува да се исхранува што е можно поздраво, а тоа подразбира и број на оброци и нивниот квалитет.

Секако дека заради обврските што ги има не успева секогаш тоа да го спроведе во дело, но како што вели, и самата е хедонист  и никогаш не била на диета, а нејзината тајна се крие во тоа што јаде буквално сé, но во помали количини.

 

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

 

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Покрај своите обврски таа секогаш наоѓа време и за својот Инстаграм профил, а дел од нејзините фотографии погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска

Извор Блиц.рс/Гламур.мк

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close