Кафе муабет
Жена со најголемите образи на светот – публиката во шок кога виде како изгледала порано
Докторите ја предупредуваат да престане со „пумпањето“, но таа не ги слуша...
Оваа девојка од Киев е вирален хит заради својот изглед
Во прашање е Анастасија Покрешчук која има 30 години и живее во Киев, а вирална е заради своите образи.
Таа изгледала многу поинаку пред да потроши околу 2000 долари за филери, па сега никој не може да ја препознае.
Многумина не веруваат дека во прашање е истата девојка.
„Можеби ќе помислите дека моето лице е преголемо, но јас мислам дека е премало и наскоро морам да се освежам, изјави неодамна Украинката, а пренесе светски познатиот британски магазин „The Sun“.
Таа своите први корекции ги направи кога имала само 26 години. Денес, по само неколку години, изгледа непрепознатливо.
Таа во јуни се појави во британското шоу „This Morning Anastasia“ каде изјави дека не планира да престане со филерите.
И покрај тоа што докторите ја предупредуваат дека е ризично и дека не треба да го прави тоа, таа очигледно не се предомислува.
За критиките што постојано ги добива воопшто не ја загрижува, а беше критикувана и на Твитер од гледачите.
Многумина ја прашуваат зошто тоа го прави со своето лице, посебно откако се појавија фотографии од пред зафатите.
Погледнете како таа изгледала некогаш, но и како изгледа сега:
Таа изгледа многу поразлично на своите стари фотографии …
Има потрошено преку 1500 фунти за да изгледа вака.
Нејзиното лице е потполно трансформирано, но таа не се откажува од „пумпањето“.
Само сака да има уште поголеми образи…
Што мисли нејзината мајка?
Мојата мајка мисли дека е малку лудо ова што го правам, но што може таа да направи? Не ми е жал, воопшто не ми е жал, јас сум среќна со моите образи, вели Анастасија. На крајот на краиштата, тоа навистина и не е работа на нејзините родители, но можеме само да замислиме колку и е тешко на една мајка кога ќе види колку се променило лицето на нејзината ќерка само затоа што била несреќна како изгледала порано. Ова дури и звучи малку необично, нели?