Новости
НЕВЕРОЈАТНА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: Родив едно, а посвоив две- и сум пресреќна: Младата Лана го исполнила ветувањето кое си го дала себеси!
Мама Лана е буквално мултитаскинг жена која со добра организација постигнува се
Профeсор доктор специјалист, Лана Лекиќ, пред се е мајка на три деца, од кои две посвоени, а потоа е жена целосно посветена на работата.
Таа е доктор по фармацевтски науки, вонреден професор на Фармацевтскиот факултет и на Факултетот за здравствена заштита во Сараево, директор за маркетинг, единствениот лиценциран едукатор за масажа на бебиња и деца во БиХ, дизајнер, љубител на шиење, потпретседател на женскиот „Лавовски клуб“ .
Луѓето ја доживуваат како едноставна и топла а доаѓа од Сараево.
Нејзината цел е да направи што е можно повеќе деца среќни. Тоа го покажува и со своите дела.
– Дури и за време на студиите работев за неколку хуманитарни агенции, а ние, меѓу другото, посетувавме и домови за деца. За време на состанокот со нив, дури уште од тогаш си ветив себе си дека во која било насока да одеше мојот живот еден ден ќе посвојам барем едно од тие деца.
Лана вели дека најважно е да се врати една детска насмевка.
Спасете го од животот во кој нема прегратки – вели Лана за Азра.ба .
Лана е во брак со Ален, со кого имаат биолошки син кој го дибија во меѓувреме додека го чекале посвојувањето на првото дете. Кога Ален наполнил шест години, парот решил да посвои уште едно детенце. Чекале четири години и посвоиле тримесечно бебе.
– Процесот на посвојување е многу комплициран и долг во нашата земја и во регионот. Но, голем број наши луѓе кои живеат во странство се обидуваа да посвојат дете таму. На крајот, тие сепак одлучуваат да се обидат кај нас. Полесно е само ако сакате да посвоите дете од африканските земји преку разни агенции. Инаку, тоа е долг, мачен и тежок пат. Го знаев сето тоа. Но, сакав – вели Лана.
Младата мајка вели дека кога ја посвоиле нивната ќерќичка била пресреќна и полна со љубов, но признава дека се плашела бидејќи тоа е веќе поголема одговорност.
– Кога го имате своето дете, вие сте одговорни. Но, кога некое ново суштество ќе дојде во вашиот живот на овој начин, вие сте некако уште поодговорни, полни со неверојатна љубов но и несигурност. Чувството е уште посилно затоа што потсвесно сакате да надоместите сè што детето немало. Тоа го правам и денес – посочува др. Лекиќ.
Лана и нејзиниот сопруг не запреа тука. Тие сакаа уште едно дете па повторно аплицираа за програма за згрижување, обидувајќи се на тој начин побрзо да посвојат детенце. Многу брзо, тие одлучија да посвојат шестгодишно момче, подготвено за училиште, кое стана член на ова топло семејство.
– Бев воодушевена. Никогаш не потенцирав дека сакам исклучиво бебе, што е желба на повеќето. Во сè сакам да истакнам дека од првиот момент ја имав безрезервната поддршка од мојот сопруг во секоја смисла. Тој знаеше дека тоа е моја голема желба. Тој беше свесен дека јас сум таа што ќе го направи тоа што го замислила.
Лана открива дека како и повеќето мајки, е презафатена, но со добра организација успева да постигне се.
Според неа најважно од се е на сите им дава многу љубов. И покрај многу задачи што треба да ги прави секое утро. И тоа не ја плаши.
Јас сум најгорда кога ќе влезам во Домот за деца без родители „Бјелаве“ и кога децата ќе се израдуваат на моето присуство.
Магијата во целата оваа приказна во работата со деца е дека Лана нема, финансиски интерес за сè што прави тука, а кога се работи со отворено срце, тогаш ни се отвораат многу врати во животот.
Од неодамна Лана работи и како инфлуенсерка на Инстаграм и е позната по името мама Лана.
Родив свое, а потоа посвоив. Искрено – има ли разлика? Нема. Ако имаше, немаше да го посвојам по вториот пат.Дали поради тоа се сметам себеси за чудо? Не. Тие се чудо. Јас сум им благодарна. Сè што ќе им дадам ми враќаат двојно.
Дали сме различни од другите? Не. Дали сме подобри? Не. Не сме сите во исти можности, но ако барем некој од вас помисли да даде некому топол дом , веќе ја поместивме границата, пишува Лана на Инстаграм.