Дом и семејство
ЉУБОВТА НЕМА ГРАНИЦИ: Таа има 33 а тој 64, ги запознала неговата поранешна сопруга- денес тие се пресреќни!
Еви тврди разликата во години е благослов
33- годишната Еви Смит која работи како социјален работник, се омажи со 31 година постариот Питер, кој има 64 години а го запозна преку неговата поранешна сопруга со која се дружела во црквата.
Девојката е во брак седум години и има петгодишен син, а нивната необична љубовна приказна продолжува да фасцинира.
Еви тврди дека се смее кога оние кои не ги познаваат мислат дека Петар е дедо на нивниот син.
Тој често добиваше комплименти на сметка на неговиот „прекрасен татко“.
Ништо за нивната врска не е обично, убедена е таа. Тие се запознаа на почетокот на 2012 година кога Еви започна да оди во локална црква и се спријатели со поранешната сопруга на Питер со која се уште е во добри односи.
– Ние се дружевме во нејзината куќа, Петар беше таму и таа не запозна велејќи: ‘Ќе се за заљубиш во оваа девојка’.
Сигурна сум дека таа само онака го кажа тоа, но се оствари- објаснува Еви. Иако не станувало збор за љубов на прв поглед, тие наскоро откриле заеднички интереси и се вљубиле. Мајката на Еви, Сузан, прва ги забележала искрите меѓу нив.
Потоа Еви решила да го запознае Питер со нејзиниот татко кој е само три години постар од него.
Секако не беше среќен за нашата врска поради големата разлика во годините, но сепак ја прифати затоа што ние сме навистина среќни заедно, вели Еви.
Само шест месеци откако започнала нивната врска, таа имала операција на ‘рбетниот столб. Питер бил со неа цело време, па тогаш сфатила дека го запознала човекот на нејзиниот живот.
Тие го прославија отпуштањето од болницата со романтичен ручек, избраа прстен и потоа ја запроси.
Почнаа да живеат заедно истата недела, а се венчаа во 2013 година. Еви тврди дека нивната разлика во години е благослов.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од ова среќно семејство: