Новости
Посвети емотивна порака за Синан Сакиќ и ги расплака сите- Илма Карахмет откри што научила од него!
Илма Карахмет прерасна во вистинска убавица
Младата и талентирана пејачка Илма Kарахмет пред речиси седум години се натпреваруваше во шоуто „X Factor Adria“ кога стигна до полуфиналната емисија. Илма беше победничка на музичкиот натпревар на РТЛ „ѕвездите“ и од тогаш има снимено три песни, а во музички шоуа се немаше појавено се до пред две години.
Пред неколку дена таа на својот профил на Инстаграм сподели емотивен момент во чест на сеќавање на легендарниот фолк пејач Синан Сакиќ кој почина на 1 јуни 2018 година, откако ја загуби битката со сериозно заболување. Најавата на Илма доби лавина сочувство, а во коментарите фановите на Сакиќ оставаат траги на љубов и тага затоа што нивниот омилен пејач повеќе не е жив.
-Понекогаш не ја знаете вистинската вредност на еден момент додека не стане меморија. Значи, има моменти во животот што секогаш по убаво ги паметам. Драгиот мој Синан, тој многу ме сакаше. Тој секогаш беше насмеан и ширеше само љубов околу себе. Никогаш нема да го заборавам нашиот прв состанок кога имав 13 години, за мене тоа беше најубавото нешто што ми се случило. Ме советуваше и ме научи дека животот е борба и дека никогаш не треба да се откажувам од своите соништа.
Во негова чест, од срце ја отпеав една од најубавите песни „Животот не смее да запре“. Затоа Синан сè уште живее во нас и неговите песни ќе се пеат засекогаш. Засекогаш ќе го паметам само по добро, бидејќи тој беше навистина голем човек и уметник. Лесна ти земја, драг мој – напиша Илма и сподели две заеднички фотографии со Синан Сакиќ.
Сите ја паметат Илма Карахмет по нејзиниот глас со кој го освои целиот Балкан на само 13 години кога се појави во музичкото шоу и стана интернет сензација поради својот неверојатни вокални способности.
Илма која денес има 20 години, пред две години во Сараево се омажи за својот избраник Седин Лакаќ.
Ова изненади многумина кои слушнаа дека Илма се омажила, а таа вели дека нејзиниот сопруг денес и е најголема поддршка.
„Се омажив од љубов и на секого би му посакала да биде среќен како јас. Тој секако, покрај моите родители, ми ја дава најголемата поддршка, бидејќи сум жена и неговата машка рака ми треба“, откри Илма.
Илма е многу активна на социјалните мрежи и постојано објавува видеа и фотографии со кои ги воодушевува фановите.
Во продолжение погледнете во каква убавица порасна малото талентирано девојче.