Новости

Ќе успее ли Џил Бајден да ја замени Меланија Трамп и да биде новата прва дама на САД?

Џил Бајден се повеќе ја интересира јавноста

Утре се одржуваат претседателските избори во САД, а трката е се понеизвесна. Додека едни мислат дека Трамп ќе го продолжи мандатот, други велат дека на претседателската трка ќе победи поранешниот американски потпретседател Џо Бајден.

 

 

View this post on Instagram

 

We have just 20 days. There are no do overs.

A post shared by Dr. Jill Biden (@drbiden) on Oct 14, 2020 at 12:35pm PDT

 

Во последно време Бајден ги освои симпатиите и на многу филмски и музички ѕвезди, кој ако победи на утрешните избори ќе биде најстариот претседател во историјата на САД.

Како и за секоја јавна личност, така и за него јавноста сака да дознае нешто повеќе од приватниот живот, па како растеше неговиот успех на политичката сцена, така медиумите се повеќе фокусот го ставаат на неговиот приватен живот.

 

WILMINGTON, DE – OCTOBER 28: Democratic presidential nominee Joe Biden and his wife Dr. Jill Biden depart the Delaware State Building after casting their ballots for the general election on October 28, 2020 in Wilmington, Delaware. (Photo by Drew Angerer/Getty Images)

 

Но дали знаете која е неговата сопруга, што неуморно се бори и е најголема поддршка на Бајден.

Се зборува дека таа ќе ја симне Меланија Трамп од тронот, и ќе биде новата прва дама на Америка.

 

View this post on Instagram

 

Vote. We did.

A post shared by Dr. Jill Biden (@drbiden) on Oct 28, 2020 at 12:08pm PDT

 

69- годишната Џил Бајден е родена во Њу Џерси. Таа е дипломиран професор по англиски јазик и предава во средно училиште. Џил е поранешен модел, но таа открила дека тоа не била нејзината професија од соништата туку морала да биде дел од тоа само за да ги плати студиите.

 

foto sloboden pecat

 

Г-ѓа Бајден е позната во јавноста како голем филантроп. Таа им помага на семејствата на војници и ветерани, работи на подобрување на правата и положбата на жените во африканските земји и е ангажирана во Националната фондација за борба против рак на дојка.

 

 

View this post on Instagram

 

Let’s go Flyers ????? It’s game day. #AnytimeAnywhere

A post shared by Dr. Jill Biden (@drbiden) on Aug 16, 2020 at 9:27am PDT

Таа исто така е и писател, а до сега напиша две книги за деца, и книгата „Каде влегува светлината“.

Инаку Џил зад себе има еден брак, со рагбистот Бил Стивенсон, но подоцна се развеле, бидејќи сватиле дека не се еден за друг.

 

foto sloboden pecat

 

Исто така и Џо Бајден бил во брак пред Џил, но во сообраќајна несреќа ја изгубил неговата сопруга и ќерка, а има и два сина Хантер и Боа.

Токму нејзината кариера како модел ја однела до вториот сопруг Џо Бајден, кој во 1975 година кога ја здогледал Џил на постер на автобуска станица, веднаш побарал од неговите луѓе да го најдат нејзиниот телефонски број. Романсата започнала кога таа го прифатила неговиот предлог за вечера.

 

 

View this post on Instagram

 

He’s ready ?

A post shared by Dr. Jill Biden (@drbiden) on Oct 1, 2020 at 6:28pm PDT

Во интервју за „Вог“, Џил открива какво било чувството кога за прв пат го здогледала Бајден пред својата врата.

 

foto sloboden pecat

 

– До тогаш се забавував со млади момчиња кои носеа фармерки и обични маици, а тој се појави на мојата врата облечен како џентлмен, во совршено скроен капут. Кога го видов, помислив „нема шанси ова да успее“. Не помислив дека ќе успееме и поради разликата од девет години, изјави таа.

 

foto sloboden pecat

Нивната прва средба било во кино, а Џил открива дека Џо најмногу ја освоил со своите манири. Таа за списанието откри дека наместо да ја бакне, првата вечер добила само ракување од Бајден и тоа навистина и оставило впечаток за потоа да и каже на својата мајка дека запознала вистински џентлмен.

Интересно е тоа што пред да стапат во брак, Џил четири пати го одбивала Бајден, односно неговата понуда за брак.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close