Новости

ШОК ВО ЕМИСИЈА ВО ЖИВО: Американка признава дека купила бебе од Србија!

Американката Сандра Рајз открива дека пред 20 години купила бебе од доктор во Србија

Шокантно признание на една американка стана вирален хит, откако преку видео открива дека пред 20 години купила бебе од Србија.

Имено Сандра Рајз од САД, преку видео открива голема тајна која го згрози светот. Таа вели дека преку „легални“ агенции пред 20 години успеала да купи бебе од доктор во Србија кој посредувал во постапката за посвојување на девојчето Олија од Белград во 1998 година. Таа вели дека целата „трансакција“ чинела нешто повеќе од 10.000 долари.

Во српска емисија во која се зборуваше на тема  кражба и „продажба“ на бебиња од Србија, гости беа Ана Пејиќ, секретар на „Здружението на родители на исчезнати бебиња од Војводина“ и жената чие бебе беше украдено, Владимир Цичаревиќ од „Здружението на родители на украдени бебиња“,  и уште две мајки кои се сомневаат дека им биле украдени бебињата – Јулијана Димитријевиќ и Цана Јовиќ.

– Јас се викам Сандра, се јавувам од Америка. Во 1998 година, јас и сопругот посвоивме девојче по име Олија од Белград. Посвојувањето го договорија агенциите за правна медијација од Калифорнија, САД. Ни ги обезбедија сите контакти, а на нас беше да го пречекаме докторот Дејан С. на аеродромот.

Тој не пречека и нè одведе до неговиот стан каде престојувавме. Требаше да му плаќаме 200 долари дневно за да не вози каде ќе посакаме, да спиеме во неговиот стан и да јадеме по еден оброк секоја вечер. Во неговиот стан ја запознавме неговата сопруга која готвеше за нас, вели Сандра.

Таа додава дека секоја вечер ја поминувале заедно со Дејан и неговата сопруга, а преку ден оделе се сретнат адвокатот за кој тврди дека му дале пари на рака.

 

 

– За тоа и плативме 10.000 долари. Адвокатот ги набави потребните документи и договори за официјално да го земеме детето. Кога сè заврши, се вративме кај Дејан кој не одведе до аеродромот. Се вративме дома со нашата мала Олија. Јас ги посочив сите детали во писмото до мајките на исчезнатите деца во Србија, за да можат да одговорат на други прашања – рече Сандра.

Сандра даде писмена изјава на нотар во Њујорк, која потоа беше испратена до „Здружението на родители на исчезнати бебиња“, каде што беше преведено на српски јазик, објасни Ана Пејиќ секретар на „Здружението на родители на исчезнати бебиња од Војводина.

Во писмото што Сандра го испратила до мајките на исчезнатите деца се вели дека целата постапка за посвојување траела околу 8 дена, а бебето Олија поминало неколку дена во станот на споменатиот лекар. Врз основа на договорот, Сандра и нејзиниот сопруг дадоа 10.000 долари на адвокатката Јасна, како и дополнителни 1.000 долари и донација за Звечанска.

На докторот му биле исплатени 2.800 долари, напиша Сандра во писмото.

(Avaz.ba)

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close