Новости

ШВЕДСКИОТ МОДЕЛ “ПУКНА”: Лоши бројки низ целата земја, експертите со лоши прогнози!

Иако пред неколку недели се чинеше дека Шведска можеби го победи коронавирусот, сега оваа држава повторно бележи зголемување на бројот на пациенти и смр тни случаи.

Очите на целиот свет повторно се вперени во Шведска, земјата која уште на самиот почеток на пандемијата реши да не воведе строги рестриктивни мерки. Оваа земја забележа минимален број на пациенти во порастот на вториот бран во моментот кога короната веќе започна да гори во остатокот од Европа. Иако сè уште не бележи голем број на пациенти, скокот сè уште се забележува на дневна основа, поради што експертите се загрижени.

Веќе две недели во Шведска, е забележан пораст на бројот на заболени од Ковид-19 на дневна основа.

Минатиот месец биле забележани просечно околу 300 нови случаи, а од почетокот на овој месец тој број достигна 835.

Експертите велат дека и ова се загрижувачки бројки, и треба да се слушаат препораките.

Според Том Бритон, истакнат математичар и прогнозер од Универзитетот во Стокхолм, најмалку уште 1.000 луѓе би можеле да го изгубат животот од коронавирус, и тоа само доколку луѓето се релаксираат и престанат да ги следат пропишаните мерки, односно престанат да држат дистанца и да носат маски.

На почетокот Шведска на дневно ниво броеше и по 1500 заболени. Во оваа земја не беа воведени рестриктивни мерки бидејќи нивниот пристап беше без заклучување да се постигне колективен имунитет кој беше критикуван од речиси сите медицински експерти и политичари.

Во земајта од почетокот на пандемијата до сега има нешто повеќе од 88.000 потврдени случаи на коронавирус.

Епидемиолозите велат дека во моментов, во Шведска болеста се шири меѓу младите, кои се враќаат на училиште.

Епидемиолозите тврдат Шведска го победи коронавирусот!

Пред неколку недели еден од водечките дански епидемиолози Ким Снепен оцени дека епидемијата од коронавирус во Шведска можеби е запрена, иако имунитетот на населението и натаму е под 60 отсто.

– Постојат индиции дека Швеѓаните стекнале ниво на имунитет на болест, што заедно со останатите мерки е доволно заразата да биде сузбиена, рече тој за весникот Политикен Снепен, професор на Институтот Нилс Бор во Копенхаген.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close