Дом и семејство

Можеби сум стара мајка, но сум среќна стара мајка – емотивна исповед на 40- годишна жена која ќе ве разнежни!

Иако зад себе има дваесет години успешна кариера, мајчинството е она што и помогнало да се пронајде себеси

Патот до мајчинството понекогаш може да биде и многу тежок, а сведок за тоа е Барбара Јагодиќ, која после сите надежи и солзи, вештачко оплодување и спонтани абортуси успеала на 40 години да ја роди својата ќерќичка Мина.

Во својата исповед за zadovoljna.hr 

Барбара, која е поранешна новинарка а сега се занимава со маркетинг продажба вели дека додека била бремена често пати се соочувала со прашања од типот зошто стана мајка толку доцна. Таа открива дека десет дена пред да се оствари во улогата на мајка, наполнила 40 години.

Foto: netokracija.com
foto: zadovoljna.rs

“Додека бев во родилиште, неколку пати слушнав дека жени кои имаат над дваесет години ги нарекуваат стари родилки. Значи во тој случај јас сум мајка за во геријатрија? Сепак, за среќа сè одеше во најдобар ред, штом успеав да ја задржам бременоста. Вредеше сите тие години да го чекам ова мало.Ова мајчинство е неверојатно искуство, станувате зависник и нема враќање назад. Ниту, пак, би сакала да се вратам. Нема таква среќа, нема такво патување, работа или забава која ме исполнува како што тоа го прави мојата Мина секој ден. Најмногу ме заморува и најмногу ме одмара, искрено вели Барбара”.

foto: issuu.com/pitajmamu

 

Иако зад себе има дваесет години успешна кариера, сепак вели дека сега е посреќна од било кога. Барбара во својата исповед посочува дека детето е нејзиниот најголем успех и богатство, и дека забременила токму во моментот кога го живеела врвот на својата кариера.

foto: markozupanic.hr

“Не е сè во парите. Се смееме кога сме среќни, кога се прегрнуваме, се љубиме, кога сме заедно. Парите тешко можат да ве насмеат искрено”. Патував многу, го видов речиси половина свет. Мина се роди во момент кога планиравме патување во Јужна Америка, додека билетите сè уште важеа. И не успеавме да отпатуваме, но среќни сме затоа што долги години чекавме Мина да ни уништи некое патување.

Оваа емотивна исповед Барбара ја продолжува откривајќи дека со помош на патувањата во далечни земји се обидувале да ги лекуваат солзите и болката што ја чувствувале но како што вели проблемите, за жал, летаат заедно со вас.

Бев толку среќна што конечно ги потрошив парите за креветче и количка наместо авионски билет и хотелски кревет. Две години не сме биле никаде и не чувствувам дека нешто ми недостасува.

foto: issuu.com/pitajmamu

Вели дека иако за многумина 40 години се период кој не е погоден за раѓање бебе, одобено не прво, сепак таа има позитивно искуство. Според неа бременоста во подоцнежните години има позитивна страна, бидејќи ве подмладува, а како што вели помага и да го разбудите детето во себе.

Можеби сум стара мајка, но сум среќна стара мајка, завршува Барбара.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close