Бебе
„Син ми се испрска со вода во окото со гумена играчка.За кратко започна пеkолот“
Повеќето родители им го дозволуваат ова на своите малечки, не сфаќајќи колку е опасно.
„Син ми испрска вода во окото од играчка од гума за капење. Наскоро започна пеколот, тој за малку ќе ослепеше “.
Повеќето родители им го дозволуваат ова на своите малечки, не сфаќајќи колку е опасно.
Повеќето мали сакаат да се капат во када со гумени играчки за вода, но родителите немаат идеја колку оваа игра може да биде опасна за здравјето на нивните најмали
Во тоа беше убеден Еден Стронг од Чикаго, кој му дозволи на малиот Бејлор да става гумени играчки во када полна со вода, која стоеше во бањата и се користеше за играње само кога тој се бањаше. Тој весело ги спушти играчките во водата, а потоа се испрска во очите со водата што се собираше во неговите мали гумени пријатели.
Мајката не била премногу загрижена кога на лицето на нејзиниот син се појави црвенило, но кога почна да се шири и ѝ зафати скоро половина од лицето, побара медицинска помош.
Педијатарот прво му дал на детето капки за очи, но бидејќи Бејлор не се подобрувал, неговата мајка испаничила. Ниту антибиотикот не му помогна, па Еден реши да оди во болница со нејзиниот син.
– Окото му беше толку отечено што не можеше да ги види белките. Бејлор гореше од температурата. Тогаш сфатив дека нешто многу сериозно се случува – вели Еден.
Кога лекарите го прегледале момчето, веднаш им било јасно за што станува збор – тој добил бактериска инфекција на кожата која на крајот се проширила на целото лице и ги зафатила двете очи.
Како се разболе?
Гумените играчки што ги ставаше во када секој ден кога мајка му го капеше беа идеално складиште на опасни бактерии. Во моментот кога тој ги спушти играчките во кадата за време на последното капење и од нив исфрли вода во лицето, бактериите го окупираа окото. За само неколку часа, тие направија несреќа во форма на отоци. Ако Еден не реагираше на време, нејзиниот мал син можеби сега беше слеп и можеби немаше да ја преживее инфекцијата.
Мајката на Бејлор реши да испрати предупредување до сите родители преку социјалните мрежи и ги советуваше да забранат употреба на детски гумени играчки во влажна средина како што е бањата.
– Гумени играчки се слатки и децата ги сакаат, но слушајте го мојот совет, извадете ги играчките од бањата. Ниту дневната дезинфекција нема да помогне; бактериите се невидливи и подобро е да не се ризикува – вели Един.
Секое дете на хартија ги црта своите омилени ликови.
Нивните родители најчесто ги чуваат овие цртежи за спомен, а сега се појави и една компанија која создава преубави плишани кукли од овие цртежи.
Алекс Фурмански во 2013 година го основаше брендот „Budsies” инспириран токму од цртежите на неговата помлада сестра. Тој тогаш дојде до идеја нејзиниот цртеж да го претвори во играчка. Тоа многу и се допадна на неговата помлада сестра, па почна тоа да го прави и за другите деца.