MAMA

Уникатна метода: Вака Јапонците воспитуваат генијалец

На родителите им се препорачува со децата да почнат да работат од дома што порано и тоа низ следните форми

За да израсне во гениј, родителите мора да се занимаваат со детето уште од раѓањто, развивајќи му ја десната страна од мозокот, па постепено воведувајќи игри за развој на левата – гласи методата на славниот јапонски професор Макота Шичиде, кој има успешна примена во повеќе од 10 земји во светот.

Ова се формите на неговата метода:

Песнички

Важно е на детето да му се посвети време за развивање на умот секогаш во ист период од денот така што ќе се тргне со омилената песна. Професорот Макота Шичиде советува да му ја пеете додека го држите детето во прегратка, свртено кон вас, додека во позадина свири некоја лесна музика

Дишење

Потребно е детето да научи правилно да дише, така што вежба како да дувне хартиена пчеличка или пеперутка. После некое време може да почне да дува во „празно“.

Вежба „енергетска топка“

Преправајте се дека меѓу дланките имате топка која ја обликувате како топка снег, па така замислена, ја фрлате. Повторете го тоа и правете се дека пиете енергија од рацете

Сугестија

Со насмевка на лицето на детето тивко зборувајте му: „Ти со посебен“, “Ти сакаш“, „Можеш се“

Фантазија

Тренирајте ја неговата фантазија, сонувајте со него, раскажувајте му бајка која тој ќе ја заврши, да доцрта боја на некоја глетка или име на некое лице од таа приказна

Телепатија

Седнете блиску до детето и замислете некоја форма и боја, а потоа кажете му: „Замислувам еден круг, кога боја е?“, Така се вежба телепатија

Интуиција

Кажете му да погаѓа во која рака или под што се наоѓа нешто, за да му го покренете интуитивниот нерв.

Гимнастика за очи

Замете ѕвонче и поместувајте го горе – долу, лево – десно додека ѕвоните, а детето нека ве следи со очињата

Игра со карти

Земете што повеќе картички со различни слики. Покажувајте му ги на детето картичките брзо, не подолго од секунда, доволно да изговорите што се крие на која. Оваа брзина ќе ја активира десната страна на мозокот, а изговарањето на она што е на картичката ја вклучува и левата, па тие се синхронизираат

Фотографско паметење

За оваа цела ви се потребни слики кои малку се разликуваат една од друга. На секунда прикажете му на детето една од нив, потоа двете и прашајте го што видел

Пејте

На крајот од учењето, можете повторно да му ја испеете омилената песна. Вежбајте вкупно 30-40 минути дневно, а остатокот од времето оставете го детето да си игра.

Проучувањето на бројките, буквите и другите активности кои го стиумулираа прераниот развој на левата страна од мозокот оставете го за возраст од 3-4 години. Научете го да игра игра на улоги со различни играчки, што развива фантазија која е многу корисна. Сонувајте со него, замислувајте како ќе отидете на море или во зоолошка градина. Користете едноставни реченици за да опишете што ќе правите и што ќе видите. Научете го да јаде и да црта со двете раце.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close