MAMA

Наскоро небото ќе го осветли Сината месечина: Ќе се случи нешто што не се појавило од Втората светска војна!

Овој редок феномен се повторува на секои две до три години

Можеби изгледа како да гледаме танц на вештерка.На Ноќта на вештерките, 31 октомври оваа година, sвездите на небото ќе добијат плашлива сцена затоа што ќе ги осветлува Сината Месечина.

Овој редок феномен се повторува на секои две до три години. Се разбира, не станува збор за тоа дека Месечината сјае сино, туку за полната Месечина, кога нејзината орбита е поблиску до Земјата од вообичаеното, односно изгледа малку поголема и 30 проценти посветла од „обичната“ полна Месечина.

Сината месечина значи појава кога ќе се појават две полни месечини за еден месец, што ќе се случи на 1 и 31 октомври.

Космичкиот приказ се случува седум пати на секои 19 години, што значи дека следниот пат кога ќе ја видиме оваа појава е на 31 октомври 2039 година.

Но, она што е уште поинтересно е дека Сината Месечина ќе се види низ целиот свет, првпат по Втората светска војна.Идејата за Сината месечина како втора полна месечина за прв пат беше спомената во магазинот „Скај“ и „Телескоп“ во 1946 година. Во една статија под наслов Еднаш во сина месечина, ,Џејмс Хју Пруит се осврна на приказната од Амана Мејн Фармер од 1937 година за тој феномен, давајќи им поедноставна дефиниција.

“Седум пати во 19 години имаше – и сè уште има – 13 полни месечини годишно. Тоа дава 11 месечини со една полна месечина и една месечина со две. Оваа друга полна месечина за еден месец, како што ја толкувам, беше наречена Сина Месечината, но тоа не значи дека ќе свети сино “, напиша тој.

Пруит забележува дека условите на небото мора да бидат совршено „усогласени“ и да имаат големи честички прашина или чад за да ја рефлектираат нијансата, што го прави непредвидливо да се знае кога ќе се појави таков сјај.

Патем, 2020 година има уште еден редок феномен: Оваа година ќе има вкупно 13 полни месечини на небото, додека во повеќето години ќе се случат само 12 од нив, пишува Дејли меил.

Свети Лука е еден од првите проповедници на христијанството, современик на Исус Христос и автор на едно од четирите евангелија.

Црквата верува дека лично ја познавал Богородица и дека трите икони со нејзиниот лик што светителот ги има нацртано се најблиску до нејзиниот вистински лик. Поради ова се смета дека тој е основачот на христијанскиот иконопис. Неговите мошти се наоѓаат во Истанбул.

Свети Лука се почитува како заштитник на лекарската професија и многу болници. Тој е заштитник на медицината и фармацијата, болниците и аптеките, лекарите, фармацевтите и болните.

Познато е дека лекувал бесплатно, а верниците веруваат дека неговите мошти имаат исцелителна моќ.

Според верувањата, се смета дека светецот претскажува каква ќе биде зимата. Ако на овој ден добитокот лежи со свиткани нозе, ќе биде долга и ладна зима.

Животот на Свети Лука

Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност.

Тој ги има насликано првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Затоа Свети Лука го сметаат и за основат на иконописот во Црквата.

Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт. Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија. По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму во Грција.

Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво.

Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close