Брак
Овој татко беше обвинет за уништување на веридбата на својата ќерка, но се чини дека беше во право: Што мислите?
Ова се само некои од проблемите што ги вознемируваат младите парови
Ако некогаш сте морале да организирате свадба, знаете колку многу работа може да се испомешаат за некој да не се налути.
За време на организацијата, треба да донесувате одлуки како да повикате чичко со кого не сте разговарале десет години или како да сместите на една маса пар кој неодамна се развел ако дојдат и двајцата.
Ова се само некои од проблемите што ги вознемируваат младите парови.
Сето тоа би било во ред, сè додека невестата и младоженецот можат да се договорат за овие прашања.
Сепак, еден загрижен татко неодамна ги сподели своите грижи на Интернет. Имено, тој верува дека неговата ќерка треба да ја откаже венчавката откако дознала што свршеникот е подготвен да побара од него.
– Ќерката беше со своето момче 7 години во врска, а тие неодамна започнаа да планираат венчавка, само мала забава за потесното семејство – напиша тој.
Таткото објасни дека тој и неговата ќерка имаат многу отворена врска, и обично споделуваат сè меѓу себе. Таа секогаш му кажуваше колку момчето и таа се за заљубени еден во друг.
– Го сметав за добродушен човек, тој беше љубезен и скромен и секогаш го почитуваше нашето семејство – изјави човекот кој сакаше да бидеанонимен за свршеникот на неговата ќерка.
Тој вели дека двете семејства се сретнале неколку пати, а мажот забележал дека родителите на момчето имаат нешто сеkсистички став.
– Ја прашаа свекрвата зошто не работи, и рекоа дека мислат дека женска работа е да ги чува децата и да остане дома.
Кога младиот пар започнал да го планира бракот, момчето се свртело кон таткото на девојката и му рекол дека неговите родители сакаат да разговараат со него.
– Имав намера да ја повикам и ќерка ми, но тој рече дека не и е дозволено. Отидов со него, а неговите родители почнаа да ми зборуваат за миразот. Бев збунет и реков дека нема мираз, кој друг очекува такво нешто во 2020 година? Но, момчето и неговите родители почнаа да ми држат предавања за тоа колку е потребно и како мојата ќерка нема да може да работи надвор кога ќе се омажи – раскажува мажот.
Родителите на младиот човек го замолија мажот да не и го спомнува овој разговор на неговата ќерка, сепак тој реши веднаш да го сподели со неа.
– Таа ме праша што може да стори сега, а јас ја советував да ја откаже свадбата ако сака. Никој не може да ја присили на ништо. Токму тоа се случи, свадбата беше откажана, а сега нејзиното момче и неговите родители ми се јавуваат велејќи дека стојам меѓу нив.
– Згора на тоа, некои нејзини пријатели ме сметаат за главен виновник за раскинувањето. Но, среќата на мојата ќерка е важна.
Откако побараа совет на форумот „Редит“, стотици луѓе го убедија таткото дека не згрешил кога и ја кажал вистината на својата ќерка.
– Нејзините пријатели се очајни. Не би бил здрав брак. Ќерката би живеела тажно и во мизерија – напиша еден корисник.
„Боже, тоа момче сигурно беше патолошки лажго“, рече друг.
– Тој беше со неа 7 години, ги слушаше нејзините планови, соништа, амбиции и знаеше дека ништо од тоа нема да и дозволи – продолжи третиот.
Едно лице се обиде да го смири својот татко со неговиот коментар:
Дали има место за традиционални улоги во 21 век? Дали е нормално да се побара мираз за девојче?
Што ќе се случи кога ќе потонеме во брачна монотонија и побараме забава на интернет? Има многу можни сценарија, а едно од нив е токму ова – на интернет да го пронајдеме токму она од што бегаме од дома.
Фејбук превара
Токму тоа им се случило на јунаците на приказната на Лела, еве како изгледа тоа:
– Мојот Жика и јас сме во брак 30 години. Се сакавме и почитувавме, создадовме дом, одгледавме деца. Веќе ја поминавме педесеттата и како повеќето во брак, некогаш беше убаво, некогаш мислевме дека има и поубаво.
Пораснаа децата, Жика остана без работа, завладеа некоја апатија и во нашата куќа и меѓу народот. Се помалку некој ни доаѓа на кафе, а ние ретко некаде одиме. Децата си отидоа по својот пат, во потрага по работа и живот. Ние се осамивме и замолчивме.
Пред некое време Жика отворил Фејбук, пронашол другари од Војска, па некои наши стари пријатели кои отидоа во странство, па со нив малку разменува пораки и тепа време. Така јас кога ќе си дојдам од работа, ќе направам ручек и се друго и таман да почнеме да зборуваме нешто, мојот Жика гледа во телефон и не зборува, како овие денешниве деца.
Решив да ја превртам ситуацијата, па и сама направив профил на Фејсбук. Ставив слика од некоја згодна женска од реклама од весник, па додадов уште некоја на трева, на плажа, онака оддалеку, само да се наѕира фигурата.
И дадов име, напишав дека живее блиску, па му пратив на Жика барање за пријателство. Ме прифати Жика за пријател, па како вистински џентлмен ми испрати порака за поздрав и добредојде. Рака на срце, Жика секогаш бил добар домаќин и сакаше гости додека ни доаѓаа.
Така јас и маж ми почнавме да се допишуваме.
Тогаш првпат слушнав дека мојот Жика сака здрав живот, сериозна музика, а вика и дека ги сака книгите, ама не стигнува да ги чита. Можам да се заколнам дека Жика сака печено месо и сарма, дека се згрозува од фитнес и снегулки, за книгите и музиката и да не зборуваме… Но добро, ја прифатив играта па му давав комплименти и му напоменав дека денеска има се помалку џентлмени. Тогаш тој детално ми опиша колку е совршен.
После неколку дена го прашувам Жика дали неговата сопруга е воодушевена што таа има таков маж, кога тој ми одговарадека неговата сопруга, среќлика, починала пред две години!
Ауу, кога го прочитав тоа ми дојде да одам во соба, каде што тој, се прави дека гледа натпревар, па малку и јас да бидам вдовица, но некако се воздржав.
Со мене, пак можеше постојано да си пишува. Ме прашуваи како сум спиела и што сум правела, а и како се чувствувам. Бидејќи тоа одамна никого не го интересираше, се јас тоа на Жика детално му го пишував.
Кога ќе ми дојдеше да се пожалам некому одев во соба и му пишував на мажот кој седеше во дневната соба. А имаше и денови кога попладне седевме на двата краја од аголната гарнитура и се допишувавме. Мојот маж и јас. Понекогаш Жика толку ми се допаѓаше што заборавав дека со него живеам триесет години. Понекогаш ѓавол ме натера да го прашам дали покојната жена била убава.
Беше, болно напиша Жика.
Почнав да потпрашувам за покојната жена сешто, но тој вешто одбегнуваше долго да се зборува за тоа. Повеќе сакаше да пишува за мојот маж, за кого му напишав дека по цел ден гледа во телефонот и на мене не обрнува внимание. Е, него Жика го искара како што треба! Како можел да запоставува ваква жена, вели што тој би дал да не е сам и кутар. Што би дал тој за да има ваква жена покрај себе!
Поминуваат денови, а јас чекам пораки од Жика и се радувам. Почнавме да се криеме по дома кога се допишуваме. Нешто си помислив, па кој е тука луд? А не знам ни што да правам…
Дали сепак да го убијам Жика, па да му се приклучам на оној свет, или да му пуштам класична музика и да му подготвам овесна каша за ручек, кога веќе го сака тоа? Ако вака продолжиме ќе закажеме состанок, па тогаш каде. А се ми се чини дека растажениот вдовец и покојната сопруга повторно ќе се вљубат…