MAMA

Уште една воодушевувачка намена на мајчиното млеко: Манекенка го користи за негување на својата кожа

Експертите не се изненадени!

Сите знаеме дека мајчиното млеко е најдобриот извор за хранење на бебето, но манекенката Џоди Тарнер Смитџ во едно интервју за Вог открила уште една негова нова и многу интересна намена.

Имено, таа признала дека измолзеното млеко го става во свој серум за лице кој ѝ служи за подмладување и нега. 34-годишната манекенка и мајка девојче вели дека прво темелно си го чисти лицето, а потоа на својата кожа става серум на база на алое вера во кој додава од сопственото измолзено млеко.

Иако на некои ова може да им изгледа чудно, за дермотолозите, позитивното влијание на мајчиното млеко не е изненадување. Доктор Стивен Виктор, дерматолог од Центарот за регенеративна медицина во Њујорк, за today.com објаснил дека мајчиното млеко содржи хормони и антивоспалителни состојки кои се користи за коажта и ја прават помека и поздрава.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close