Градинка

Зошто е подобро татковците да им читаат на децата приказни за добра ноќ?

Ви прикажуваме неколку добри причини зошто треба да го практикувате овој ритуал.

За детето покорисно е таткото да му чита приказни за добра ноќ, отколку мајката. Според новото истражување, татковата интерпретација на приказната на децата им помага повеќе да ја користат имагинацијата. Истражувачите тврдат дека тоа е подобро и за развојот на говорот.

Откако година дена им се читело приказна за добра ноќ, кај девојчињата се видело напредок во развојот на говорот, и тоа кај оние на кои приказни им читал таткото.

Експертите објаснуваат дека читањето го проширува речникот кај децата. Им помага да се чувствуваат сигурно, а тоа може да има позитивно влијание на нивната способност за учење.

Оваа традиција има многу предности, а во продолжение ви наведуваме неколку.

Создавање ритуал за заспивање

Заспивањето на детето честопати е тежок предизвик за родителите. ЕКспертите за развој на децата се сложуваат со тоа дека ритуалите и доследноста кон она што сте го започнале, помага за полесно заспивање, а приказните за добра ноќ се најдобриот начин за тоа.

Мирно преминување од денот во ноќта

Времето за одење на спиење може да биде хаотично време, особено ако двајцата родителите работат со полно работно време, а децата имаат многу надворешни активности. По вечерата и домашните задачи, бањањето и миењето заби, одењето на спиење може да биде тешка задача. Читањето и раскажувањето приказни за добра ноќ ќе им помогне на децата и родителите мирно да преминат од будна состојба до спиење.

Им помага на родителите да се зближат со децата по напорниот работен ден

Времето кое родителите го поминуваат со децата во кревет, галејќи ги, разговарајќи, читајќи и раскажувајќи приказни, е добро време за дружење. На тој начин децата ќе го добијат вниманието кое најмногу го посакуваат.

Помага во развојот на говорот кај децата

Децата на кои им се читало и слушале приказни, имаат побогат речник од децата со кои само се разговарало без читање.

Поттикнување на развојот на мозокот

Мозокот на децата на кои им се читало и кои дома имаат многу книги, покажува поголема активност во делот на левата хемисфера. Тој дел од мозокот е многу активен кај постарите деца кои си читаат самите себе, но се активира и кај малите кои слушаат приказни.

Децата кои биле многу изложени на книги и читање, на снимките покажувале поголема активнсот во делите на мозокот кои обработуваат визуелни асоцијации, иако само слушале приказни и не гледале никакви слики.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close