Брак
Тој беше во брак 67 години, наполни 99 години: Ова се неговите лекции за успех и среќа во животот!
Ова се неговите лекции за успех и среќа во животот!
Вилијам Брадфорд Џејмс беше во брак цели 67 години, сè додека неговата сопруга не си замина. Во текот на тие 67 години, тие живееја низ сè, израснаа две деца и посвоија едно момче.
Дознајте подолу што научил за време на неговиот живот.
Секогаш негувајте добра смисла за хумор.
Не двоумете се да започнете од нула.
Вежбајте секој ден, дури и кога не ви се допаѓа.
Не трошете повеќе пари отколку што можете да заработите.
Пијте природен цеден сок од портокал секој ден.
Љубовта на прв поглед не е бајка.
Подобро е да имате лоша работа отколку да немате.
Јадете колку што ви треба, не прејадувајте се.
Вашето семејство е најскапоценото нешто што можете да го имате во животот.
Животот е чувствителен, ако го занемарите, може да се расипе.
Никогаш не плашете се да бидете тоа што сте навистина.
Секој има премногу облека. Носете го она што го имате и престанете да купувате непотребно.
Мора да бидете во можност да простите, дури и кога ви се чини невозможно.
Заштедете пари сега, потрошете ги подоцна.
Љубовта не е секогаш лесна, честопати треба да се работи многу на тоа.
Најдете нешто смешно во секоја ситуација во која се наоѓате.
Кога ќе наидете на проблем, не го одложувајте решавањето. Ако, пак, не постои начин да го разберете, продолжете понатаму и заборавете на тоа.
Бидете сигурни дека го правите она што навистина го сакате. Не плашете се да ги следите вашите соништа.
Образованието е важно, но не и потребно. Самиот живот може да биде вашето училиште.
Истражете го вашиот свет и бидете секогаш љубопитни.
Обидете се да не сфаќате сè премногу сериозно.
Моето целосно име е Вилијам Брадфорд Џејмс Андерсон и моите иницијали на WBJA постојано ме потсетуваат да се запрашам: “Зошто би бил некој?” (Зошто да бидам некој?).
Биди здрав ум. Размислете внимателно за секоја ситуација. Ако не пристапувате кон работите на здравиот разум во животот, ќе пропаднете.
Животот е подарок што мора да го отворите. На вас е да одлучите дали тоа што е внатре ќе ве направи среќни или ќе ве фрли во очај. Вие имате таква моќ.
Молитва за оние кои страдат во бракот
Боже, ти кој даруваш љубов и добрина, со своите молитви ти ги принесувам сите оние кои во својот брачен живот носат тешки кризи, недоразбирања, измами, злоставувања, горчина, болка.
Направи секогаш да веруваат во тебе и во своите тешки моменти да пронајдат утеха во тебе, а ти благослови ги. Чувај ги со својата сила, дарувај им милост, утешни зборови и дела. Нека се издигнат од сите потешкотии, верувајќи во подобро утре кое ти им го ветуваш. Слава ти. Амин.
Молитва за во брачни потешкотии
Оче небески, никогаш не помислував дека еден со друг можеме да си нанесеме толкава тага. Секогаш одново гледам колку е тешко да се љуби и колку сме слаби.
Помогни ми да можеме да си простуваме еден со друг. Дај ни да се запознаеме со она што сме го направиле погрешно. Дај ни секогаш да го наоѓаме патот кој не’ води еден кон друг. Не дозволувај да пропаднеме, туку нашата љубов да созрева.
Помогни ни, Господе, секој ден одново да го започнуваме со љубов и разбирање. Амин Оче наш.