MAMA
Секоја вистински среќна жена живее според овие правила
Уште денес почнете да се водите по овие принципи.
Овие животни правила секоја жена треба да ги научи што побргу, вели психолот Синтија Браун. Секоја среќна и мудра жена строго се придржува кон нив. Во принцип, тие ќе ве спасат од многу лоши избори и погрешни чекори.
Секогаш биди љубезна
Никогаш не знаеме каква приказна се крие зад некој човек, затоа, секогаш бидете љубезни кој луѓето во своето опкружување и оние кои штотуку ги запознавате. Комплимент и убав збор можеби некому ќе му го разубават денот, а вас ништо не ве чини. Кога сите би го почитувале ова правило, светот би бил многу поубаво место за живеење.
Водете сметка за своето тело
На прво место нека ви биде здравјето, а не изгледот. Може да бидете слаби, но не и среќни. Мора да сфатите дека балансираната исхрана е клуч за се’. Здравјето треба да ви биде на прво место. Ако некому не му се допаѓа вашиот изглед, нека гледа на другата страна.
Секогаш кажувајте го она што го мислите
Никогаш не се прилагодувајте кон другите само затоа што тоа е полесниот начин. Во животот многу е важно јасно да ги изнесете своите ставови и да не дозволите некој да ве премисли. Мислете со својата глава и единствено така ќе успеете!
Ако некој ви го скрши срцето, не значи дека треба да возвратите со иста мера
Животот понекогаш не е фер, но замислете колку лошо би било на сите да им враќате со иста мера и да им отворате исти рани какви што некој ви направил на вас. Секогаш трудете се од секоја ситуација да извлечете нешто добро. Ако ништо друго, барем добра животна лекција!
Не поставувајте си ограничувања
Без оглед на тоа дали сакате да станете претприемач, пожарникар или пилот, се’ е возможно доколку цврсто верувате во своите соништа. Единствено што стои меѓу вас и вашите цели се изговорите и ништо друго.
Бидете финансиски независни
Да се има свои пари и да се заработува доволно за да си дозволите себеси многу работи што ќе посакате, ѝ дава слобода на секоја жена и истата е од непроценлива важност. Никогаш не смеете да зависите финансиски од друга личност, без разлика дали е тоа партнер, родител или пријател. Среќната жена е самостојна жена и цврсто стои на своите нозе.