MAMA
Извинувања кои ѝ ги должам на мојата мајка, сега откако и јас станав мајка
Потребно е да се стане родител за да се сфати колку е тешко.
Сите мајки ќе се сложат во една работа – потребно е да се стане родител за да се сфати колку е тоа всушност тешко. Дури и кога самите ќе се соочиме со предизвикот на мајчинството, почнуваме повеќе да ја цениме сопствената мајка и сфаќаме дека на нашите родители им должиме големо извинување за сите работи кои сме им ги приредиле.
И затоа се извинуваме поради пубертетот и хормоните, наглите напади на тинејџерско лудило и неподносливо однесување.
Се извинуваме за сите бегања од дома, доцнења, за секое пијанство, ненајавени пирсови и тетоважи и за сите нови фармерки кои уште веднаш сме ги исекле.
Се извинуваме поради инаетот, претвртувањето на очите, поради сите лоши типови со кои сме поминале време, а кои кон нас се однесувале лошо, иако од дома не’ учеле дека го заслужуваме само најдоброто.
Се извинуваме за сите моменти кога сме биле „луди“ и кога во бесмислена лутина сме ѝ велеле на нашата мајка дека е лоша, а таа била баш таква каква што ни требала. Онаа која не’ тера да престанеме да ги игнорираме сопствените грешки.
Најмногу се извинуваме поради тоа што сме мислиле дека да се биде мајка е нејзина работа, и тоа најлесната работа.
Поради тоа што сме го потценувале она што нашата мајка го правела за нас, мислејќи дека тоа е нејзина должност, а не сме знаеле дека да се биде мaјка е еден нераскинлив завет за љубов.