Кафе муабет
Маски би требало да носат децата постари од 11 години, додека помалите не можат правилно да ја наместат
Постојат ситуации кога маските може навистина да бидат пречки кај помалите деца.
Почнувајќи од 12 години, децата би требало да носат маски секогаш кога ги носат и возрасните, на пример во гужви, како мерка за борба против Ковид-19, велат здравствените и агенциите за права на децата.
Постојат ситуации кога маските може навистина да им пречат на децата во процесот на учење и да имаат негативно влијание на важните школски активности, велат меѓународните експерти кои ги создавале препораките.
„Помалите деца не би требало да ги терате да носат маска, особено затоа што самите не знаат да ја наместат и да ја отстранат на правилниот начин. Децата до пет години би требало да бидат под постојат надзор, ако веќе секако носат маска.“
Според препораките, транспарентниот визир нуди помала заштита, за разлика од ткаенината која ги покрива и носот и устата. Според добиените информации, само 1 до 7% од сите случаеви заразени со Ковид се деца и млади под 18 години.
Колку за потсетување, во борбата со коронавирусот би требало да бидеме принципиелни и да ги почитуваме зададените мерки:
- Често миење на рацете со сапун и вода или со алкохолен раствор
- Покривање на носот и устата додека киваме, а ако користиме хартиено марамче, истото да се фрли уште веднаш
- Избегнување блиски контакти со некој кој има симптоми кои упатуваат на коронавирус
- Итно барање помош од матичен лекар доколку се забележат какви било симптоми кои упатуваат на коронавирус
- Задолжително носење маска, марама, шал и слично, во препорачаните ситуации