Градинка
Не терајте го детето да каже „извини“ – еве што да направите наместо тоа
Наместо да го терате детето да каже извини, прочитајте што можете да направите наместо тоа.
„Кажи дека ти е жал“
„Извини се“
„Не звучиш како да ти е жал“
„Ако не ѝ се извиниш, таа нема да сака да си игра со тебе“
Ваквите и слични реченици родителите честопати им ги изговараат на децата, а порталот Motherly носи некои идеи што родителите би можеле да ги искористат. Секако, секој сака детето да му биде пристојно и вистински да искажува сочувство кон другите. Но, сепак, кога им кажуваме да кажат „извини“ им праќаме сосема поинаква порака.
Еве што всушнсот мислиме со тоа:
- Сакам да се извиниш за да се чувствувам подобро околу тоа што се случи
- Вака се решаваат проблемите
- Мораш да го направиш она што го кажувам
- Јас ја имам контролата
Да, бонтон и пристојноста се важни, а извинувањата се задолжителни. Но, она што е најважно за здрави односи е искрената желба за повторно поврзување и искажување сочуство. Размислете како би се чувствувале кога би биле длабоко повредни од пријателите и да добиете само површно „извини“? Најверојатно би биле уште поповредени, осамени, па дури и лути.
Наместо да го терате детето да вели извини, направете некои од овие работи:
- Бидете им пример – бидете искрени кога се извинувате и самите
- Понудете им избор и идеи
- Забележете што вели или што прави вашето дете кога треба да се извини и именувајте ги тие чувства
На овие и слични начини му помагате на вашето дете да научи за здрави и грижливи односи. Искрените извинувања доаѓаат од самите себе. Време., трпение, нежно водство… верувајте им на овие работи затоа што после тоа следува искреното извини.