Градинка

Научниците велат: Родителството во триесеттите има и свои предности

Со години веќе просечната старост на мајките е во пораст.

Жените се’ почесто прв пат мајки стануваат на возраст од 30 до 34 години. На родителите кои имаат деца во повозрасни години, честопати им се кажуваат одредените ризици кои може да настанат, но новото истражување може да им помогне да дишат полесно и да се чувствуваат подобро.

Научниците откриле дека децата на постарите родители имаат помалку проблеми во однесувањето, за разлика од децата на младите родители.

Научниците го анализирање однесувањето на повеќе од 30.000 холанѓански деца кога имале од 10 до 12 години. Проблемите во однесувањето ги оценувале татковците, мајките, учителите и самите деца со низа стандардни тестови.

Научниците откриле дека децата на постари родители имале помали проблеми во однесувањето (срамежливост. АДХД и др). Резултатите биле исти и по разгледувањето на социоекономската состојба на семејството.

Според научниците, можно е некои од причите зошто постарите родители имаат деца со помалку проблеми како агресија е тоа што постарите родители имаат повеќе ресурси и повеќе достапно образование.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close