Кафе муабет
Оваа жена има 31 година, 11 деца и отворено признава дека сака УШТЕ
На свои 16 години го добила првото дете...
31-годишната Британи од Канзас првото дете го добила неколку дена по нејзиниот 16-ти роденден. Тоа било во 2004 година, а оттогаш добила уште десет деца.
Покрај тоа што има големо семејство, но и високи трошоци во животот, признава дека не е подготвена да прекине тука и дека очајно сака уште деца. Сакала да има 15 потомци.
Неделно троши 300 долари само за прехранмеби и хигиенски производи.
„Се надевам дека наскоро ќе добиеме една ќерка. Никогаш не помислував дека ќе имам повеќе од 15 деца, но не и 11. Мислев дека максимум ќе имам четири“, вели Британи.
Првите пет деца ги добила во брак со првиот сопруг, додека останатите ги добила откако е во брак со 28-годишниот Хрис. Три години била самохрана мајка.
„Ми беше срам кога останав бремена со шестото дете, затоа што сакав сите мои деца да имаат ист татко. Но, кога се роди, бев толку пресреќна, па целиот срам исчезна“, додава таа.
Не се грижи што зборуваат другите, ужива во своето големо семејство. Секој ден станува во 7 часот за да ги заврши сите обврски. Подготвува појадок и ја проверува електронската пошта додека пие кафе. Потоа пере облека, а Крис ги разносува децата во училиште.
После ручекот ги успива малите, а потоа си остава време за себе и за своето хоби. Потоа подготвува вечера и ги извршува остатокот од домаќинските работи. Сите деца се во кревет до 21 часот, а таа тогаш ужива во омилените серии.
Британи и Крис живеат во куќа со пет спални соби.
„Ако се’ биде по план, се надевам дека ќе изградиме куќа на село, со езеро, затоа што Крис сака риболов. Би сакале да имаме и некои животни, можеби две кучиња и мачка за почеток“, заклучува таа.