Градинка
„Преживејте“ го пазарувањето, без да му купите нешто на вашето дете
Совети од искусни родители...
Без оглед на тоа што сте се уверувале себеси, не постои брзинско одење да пазарувате со вашето дете. Многу мајки си кажуваат дека ќе влезат во продавница само да купат неопходни работи и ќе излезат на брзина, но сепак, проблемите почнуваат кога детето ќе сака еден мал милион работи кои му се допаѓаат.
Една мајка вели дека речиси невозможно е така да поминете во пазарувањето без да слушнете барања од сите страни. Мајката Луси собрала совети од искусни родители кои се доволно мудри и во такви ситуации имаат добро разработен план.
Користете го пазарувањето како повод за учење
Нека секое паркирање, секоја намирница и реклама ви одат во прилог за да ги учите броевите, зборовите и речениците. Дури можете да ги броите заедно лимоните и портокалите кога ќе ги ставате во кесињата или заедно може да се погрижите да купите доволен број јајца.
Вежбајте со детето социјални вештини и манири
Пзарувањето може да биде одлично место за искуство и вежбање на социјалните вештини како чекање во ред, покажување на почит кон другите, пристојни разговори и нудење помош.
Вклучете го и детето
Како поминувате низ пазарењето, разговарајте со детето за она што го купувате и што ќе правите со тие работи. Побарајте од вашето малечко со прст да покаже на одредена боја или производи на полиците. Ваквата игра дури може да почне уште дома, додека го правите списокот за работи кои треба да ги купите.
Јадете пред да отидете да пазарувате
Замислете колку добро ќе поминете кога вие и вашето дете добро ќе се најадете пред да отидете да пазарувате…