MAMA
Драг мој мажу, ти благодарам што ме ставаш на прво место
Искрена исповед од една сопруга и мајка.
Саша Лим е мајка и сопруга. Како новопечена мајка, знаела дека многу обврски ќе ѝ припаднат незе, особено преку ноќта, за нејзиниот сопруг да се одмори за утрешниот работен ден. Но, му напишала писмо на својот сакан, со кое сакала да му се заблагодари за се’, а особено затоа што секогаш ја става на прво место, иако тој моментално нејзе ѝ е на последно.
Драг мој мажу,
после седум години врска и година дена брак, мислев дека те познавам. Непосредно пред доаѓањето на свет на нашето бебе, ме предупреди дека ноќта ќе бидеш апсолутно бескористен.
Ми наведе многу причини зошто не би можел да се разбудиш. Спиењето го ценеше повеќе од што било друго. Кога ги пронајде луѓето кои во тоа те поддржуваа, само ме потсети на тоа што ќе се случи и дека некои работи нема да се променат. Не ми пречеше. Како и се’ останато, амбициозно направив се’ сама. Не ми пречеше што ‘рчеше цела ноќ, додека бебето плачеше од глад.
Не ми сметаше што се ширеше по целиот кревет, додека јас го хранев бебето. Неуморно менуваше пелени во текот на денот, така што не ми пречеше твоето повлекување навечер.
Меѓутоа, дојде ден кога нашето бебе стана потешко, а неговиот бескраен плач и мојата исцрпеност ме уништија. Немав избор, освен да мислам. Токму во тој момент повторно те запознав. Само родителството може да открие нов слој од човекот и да го покаже неговиот вистински карактер. Не, ти не можеше да го смириш нашето бебе, но затоа ме смируваше мене – доволно за да можам да заспијам час или два.
Кога сум претерано загрижена, ти ме враќаш, а тоа се мали детали од нашата иднина и животот кој само што почнуваме да го градиме. Мажу, ти благодарам! Иако се жалам на прекувремената работа и семинарите преку викендите, ти благодарам што ги сносуваш трошоците за родителството. Ти благодарам што беше најсилниот глас во мојата глава.
Ти благодарам што го зеде детето кога моите раце почнуваа да паѓат. Ти благодарам што остана дома и задоцни на работа, само за јас да добијам уште половина час време за себе. Ти благодарам што ми дозволи да гледам како го одгледуваш нашиот син и како ми дозволуваш да сфатам што значи блаженство.
Ти благодарам што ме сфати веднаш, прво треба да бидам мајка, а потоа и сопруга. Иако можеби не изгледа така во моментот, но ти и нашиот син секогаш ќе ми бидете број еден во животот. Сфаќам дека мајчинството е вредно, затоа што те имам тебе покрај себе.