Кафе муабет

Откријте зошто бебињата родени во август се толку посебни

Ако терминот за породување ви е во август, во продолжение откријте што ќе го прави посебно вашето бебе.

Лето, жештини, а вие само го чекате да дојде часот за породување. Иако трудниците тешко ги поднесуваат високите температури, добрата вест е дека имаат причина да се радуваат, затоа што бебињата родени во овој месец се издвојуваат по неколку карактеристики.

Бебињата родени во август се или Лавови или Девици во хороскоп. Лесно е да ги засакате и имаат добри карактерни особини. Предодредени се за ведрина, а кои други карактеристики ги опишуваат, дознајте во продолжение.

Ќе ги прати среќа

Едно истражување спроведено во 2005 година открило дека пролетните и летните бебиња, посебно оние родени во април и абуст, имаат многу повеќе среќа од бебињата родени помеѓу септември и февруари.

Попозитивни се

Според истражувањата, бебињата кои слават роденден во летните месеци, имаат попозитивен став кон животот. Тоа би можело да биде поврзано со температурите, односно позитивниот став е поврзан со летните месеци.

Помалку е веројатно дека ќе развијат биполарно пореметување

Според истражување направено во 2012 година, бебињата родени во август имале многу омала веројатност за развивање биполарно пореметување, за разлика од оние родени во другите месеци. Се верува дека најважен фактор е изложувањето на витамин Д на мајките, но научниците сепак не можат да докажат зошто оние кои се родени точно во овој месец помалку имаат биполарно пореметување.

Имаат големо срце

Тие не можат да живеат без да бидат свесни за потребите на луѓето околу нив и познати се по тоа што од срце  помагаат секогаш кога имаат можност да го направат тоа.

Независни се

За нив слободата значи многу, а независноста им пружи можност да се покажат во вистинското светло и да блеснат на секоја сцена.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close