Градинка
Една мајка која им забранила користење екрани на своите деца, ги споделува позитивните ефекти од овој чекор
Во денешно време екраните создаваат зависност кај секого, па и кај децата.
Мајката на пет деца, писател и блогерка – Моли Дефранк, пред седум месеци одлучила на своите деца да им ги отстрани екраните – паметните телефони, телевизорот и компјутерот. Неодамна објавила фотографија која ги сумира резултатите одо вој потег – пет мали читатели стуткани во креветот со книги во рацете.
Според неа, лесно е на детето да му се даде смартфон и да имате неколку минути време за себе. На родителите им е тешко да се борат против нешто што е толку присутно и лесно достапно. Сепак, во еден момент мора да се запрашате дали тоа е навистина правилно што го правите? Таа и нејзииот сопруг на крај заклучиле дека работите мора да се променат.
Дефранк вели дека позитивните ефекти од овој потег биле повеќекратни. Таа почнала подобро да ги воочува талентите на своите деца и да се интересира за нив, затоа што конечно можела да им посвети време. Ќерката почнала многу побрзо да чита, а потоа да раскажува и да зборува.
Синот цртал дури и организирал семејни вечери за цртање, на кои тој бил наставник. За децата е добро да искусат досада, за да преземат иницијатива и да ја разбудат својата креативност.
На децата им е потребно што повеќе интеракција со други личности, за да ги развијат социјалните вештини и моторијата. Мора да научат да препозанваат и да разграничуваат различни изрази на лицето, говорот на телото, тонот во говорот и другите вештини за комуникација.
„Моите деца обожаваа екрани. Но, екраните не им даваа љубов, ги претвораа во деконцентрирани суштества. Поради тоа, сопругот и јас одлучивме целосно да ги отфрлиме од одмот. Децата прво се бунтуваа, а потоа животот си продолжи. Ова беше изненадувачко, а мојата деветгодишна ќерка повеќе пати ми рече дека ѝ е мило што го направивме ова“, споделува Дефранк.