MAMA

МНОГУМИНА за нив не се ни свесни: Првите симптоми на коронавирусот се појавуваат пред кашлицата и температурата

Вообичаени симптоми кај овие пациенти се намалена будност, главоболки, вртоглавица

Половина од хоспитализираните пациенти кои се позитивни за коронавирус имаат невролошки симптоми, пишува списанието „Annals of Neurology“.

Вообичаени симптоми кај овие пациенти се намалена будност, главоболки, вртоглавица, отежнато концентрирање, нарушувања на мирис и вкус, напади, болки во мускулите и слабост.Сепак, резултатите од новата студија тврдат дека САРС-КоВ-2 може да влијае на целиот нервен систем , тоа е, не само на мозокот, туку и на ‘рбетниот мозок, нервите и мускулите.

„Многу е важно јавноста и лекарите да бидат свесни за ова затоа што коронавирусот САРС-КоВ-2 може да се појави на почетокот на болеста и со невролошки симптоми, дури и пред почетокот на треска и респираторни проблеми. Ако го разбереме ова, тогаш ќе можеме подобро да го насочиме клиничкиот третман “, вели д-р Игор Коралник, професор по неврологија на Медицинскиот факултет во Чикаго.

Покрај тоа, невролошката дисфункција може да го промени начинот на кој имунолошкиот систем реагира на инфекција, предизвикувајќи воспаление на мозокот и менингитис, предупредуваат експертите.

Експертите предупредуваат дека дури и оние кои се асимптоматски случаи можат да развијат симптоми на воспаление на белите дробови.

Според Светската здравствена организација (СЗО), дури 80% од случаите на заболените со коронавирус кои се лабораториски потврдени се со благи или умерени симптоми, 14% со тешки и 6% критични. Бидејќи првите симптоми на коронавирусот се појавуваат во периодот од 2 до 14 денови по инфекцијата, важно е цело време да се следи телото ако се појави кашлица или останување без здив.

Зошто Covid-19 предизвикува пневмонија?

Токму овие два симптоми се знак дека САРС-КоВ-2 се шири на белите дробови каде продолжува да ги инфицира клетките, кои потоа yми раат и отпаѓаат, што му отежнува на телото да ги одржува белите дробови чисти.

Воспалението предизвикува оштетување на ткивото на белите дробови, а со тоа и дополнително воспаление, така што овој злобен круг не запира сè додека има здраво ткиво што вирусот може да го уништи.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close