MAMA
Искрена исповед од една мајка: Откако почнав да се грижам за себеси, сфатив дека станувам подобра мајка и сопруга
Грижата за себе е од витално значење.
Грижата за себе е од особено значење, посебно кога сте во брзање, кога имате малечко во вашиот дом и кога самите себеси се ставате на последно место.
Но, една мајка открива како ѝ се променил животот откако почнала да си посветува внимание на себеси. Како и на секој нов родител, така и нејзе животот ѝ се променил драстично откако се родило првото бебе. Многу нови обврски, непроспиени ноќи, нервозни ситуации, кавги со сопругот. Се’ што сакала било само да биде задоволно нејзиното бебе, да му бидат задоволени сите потреби и да не му фали ништо.
Времето минувало, а таа сфаќала дека не може уште многу време да издржи така. Сите обврски ѝ припаѓале нејзе, а на крајот од денот сфаќала дека немала време ниту да ја исчешла својата коса, а не пак да отиде на фризер или на козметичар. Се’ се променило еден ден кога по жестока расправија со нејзиниот сопруг, таа решила да го промени своето гледиште.
Откако ќе заспиело бебето, таа седнувала и го правела она во што ужива. Ги средила своите нокти, уживала во топла купка и не мислела на купот обврски кои ја чекаат. Во тие мигови сфатила дека колку и да чисти и да раскрева, утредента пак ќе треба да го прави истото. И не само утредента, туку и секој нареден ден. Така, никогаш не би уживала во животот.
После оваа одлука, по извесен период поминат со новите навики, таа сфатила дека станува се’ подобра и подобра мајка. Не била толку нервозна околу садовите кои ја чекале, туку наместо тоа, повеќе време поминувала шетајќи со бебето и истражувајќи нови работи.
Среќата ја почувствувал и сопругот, кој до тогаш никогаш ја немал видено својата сопруга толку задоволна, но и толку прекрасна.