Бебе
Важно: На овој начин никако не би требало да го смирувате своето бебе
Многу родители не знаат колку е опасно тресењето на бебето.
Многу родители не знаат колку е опасно да се тресе бебето. Според проценките на експертите, во Германија, од година во година, и до 200 бебиња се здобиваат со оштетување на мозокот предизвикано од тресењето на бебето.
Одговорни се главно татковците кои се грижат за детето и кои губат контрола кога се чувствуваат, тврди Бербел Милих, министер за социјални прашања и интеграција на покраината Баден-Виртемберг.
Доволни се неколку секунди тресење за бебето да добие повреди опасни по живот. Вратната мускулатура не е доволно јака за да ја држи главата, која е релативно поголема во однос на телото. Многу родители не се свесни за ова, како и за можните последици, а тоа е крварење во мозокот, епилепсија и доживотен тежок хендикеп.
Кога бебето плаче, родителите честопати се збунети и се чувствуваат неспособни, немоќни и напуштени, па затоа, добро е навремено да бидат информирани и да се обидат да му помогнат на бебето на безболен начин.