Бебе

Татковци откриваат: Што ме изненади, а што ме исплаши при породувањето на жена ми

Породувањето е тешко за мајките, но, од друг аспект и за татковците...

Иако не раѓаат, чувстватата на татковците, кои се присутни на самиот чин на породувањето на нивните партнерки, се толку интензивни, што се паметат целиот живот.

Во продолжение ви прикажуваме неколку искуства на татковци кои присуствувале на породувањето, што ги изненадило, што ги препрашило…

Сфатив дека сум татко

„Првата врева која ја направи мојата ќерка всушност ме доведе во реалноста. Се’ додека не излезе, да се има дете ми беше само апстрактен концепт. Кога мојата ќерка излезе и го испушти оној прв гласен крик, тогаш се’ стана реално. Беше реална. А јас навистина бев татко“, Мат, 37

Ништо не одеше според планот

„Она што ме изненади беше количината на обврски кои морав да ги завршам. Морав да се прилагодувам, да следам ситуација. Бев во дилема: борба или бегство. За среќа, не се откажав и не побегнав. Се’ во родилиштето е чист хаос“, Лиам 40

Сечење на папочната врвка

„Сечењето на папочната врвка дефинитивно беше најнезгодната работа. Поврзана е и со мајката и со детето и се чувствува како месото е цврсто. Како човечко месо. Мислам, тоа е човечко месо. И тешко е да се сече! Лекарите и медицинските сестри ме уверуваа дека во папочната врвка нема нервии дека не можам да ја повредам ни жената ни бебето. Пеоверив на Википедија – тоа е вистина!“, Бен, 34

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close