Бебе
Родители на мали деца: Обрнете внимание на овие потенцијално опасни ситуации
Внимавајте на овие опасности за да можете да уживате во се' што ви нуди летото
Родители на мали деца, за да можете комплетно да уживате во сите убавини кои ни ги пружи летото, внимавајте на овие потенцијални опасности.
1. Сонце и крема за сончање
Иако веќе најверојатно знаете колку е важно да ја заштитите бебешката кожа од сонце, можеби не сфаќате колку е чувствителна на кремите за сончање. За бебињата помали од 5 месеци најдобро е само да избегнувате изложување на сонце, а кога сте изложени, користете капа и чадор. За бебињата постари од 6 месеци може да користите крема, но само онаа направена за бебе.
2. Базен за деца
Базените за деца и бебиња сепак не се сосема сигурни за нив. Не помислувајте дека ако базенот има малку вода, дека можете да го оставите бебето само. Бидете секогаш внимателни и погледот нека ви биде свртен кон него.
3. Билки
Тревата може да ви изгледа како меко и сигурно место за бебето, но постојат две главни работи на кои треба да обрнете внимание. Бидејќи бебињата ставаат во уста речиси се’, не можете да бидете сигурни кои растенија се отровни а кои не. Затоа, добро заинтересирајте се кои билки се отровни и отстранете ги од ваша близина.
4. Отворени прозорци
Да, убаво е да се ужива во воздухот кој доаѓа преку прозорците, но сепак внимавајте затоа што малите деца се превртуваат, се туркаат и си играат, па лесно може да паднат преку отворениот прозорец. Затоа, направете заштитна ограда или во нивна близина ставете креветче, столови или некој друг предмет кој детето не може да го турне.